ТВ серија: Западен свет (Westworld)

Тематски парк населен од напредни андроиди, што ви овозможуваат автентично искуство за живот на дивиот запад

(1) ТВ серија: Западен свет (Westworld)Главни улоги: Ентони Хопкинс, Еван Рејчел Вуд, Ед Харис

Жанр: драма, научна фантастика, трилер

Креатори: Џ. Џ. Абрамс, Џонатан Нолан, Лиса Џој Нолан

Премиера: 2 октомври 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (11 гласа, просек: 8.18 од 10)

Loading...Loading...

Ова е втор обид да се направи телевизиска адаптација на филмот „Westworld“ од 1973 година. Првата ТВ серија се појавила во 1980 година, но по само 5 епизоди дошла до својот крај. Изгледа со новата верзија, чија прва епизода излезе пред само неколку денови, работите за оваа приказна целосно ќе се сменат. Иако ретко кој го помни филмот, со оглед на вниманието што го привлече оваа верзија на приказната, набрзо сите ќе знаат за што станува збор.

(2) ТВ серија: Западен свет (Westworld) (3) ТВ серија: Западен свет (Westworld)

Основната приказна воопшто не е променета. Западниот свет е тематски парк, населен од модерни андроиди. Различни видови луѓе доаѓаат да живеат таму и да ги остваруваат своите фантазии поврзани со дивиот запад, така што имаат интеракција со локалните андроиди, најчесто преку секс или убиство. На крајот од празникот, крвта се чисти, жителите се поправаат и целата приказна почнува од почеток за новиот бран посетители.

(6) ТВ серија: Западен свет (Westworld) (7) ТВ серија: Западен свет (Westworld)

Можете веднаш да претпоставивте дека хероите во оваа приказна се роботите – тие се софистицирани и достигнале ниво на свесност како луѓето, но сепак се нарекуваат „стока“ зад сцените. Секојдневното страдање што го издржуваат е непријатно реално, но благодарение на грешка во нивното последно надградување, тие ќ почнат да задржуваат дел од сеќавањата. Па, дали ќе одлучите да ја гледате оваа ТВ серија? Ние мислиме дека не смеете да ја пропуштите.

(4) ТВ серија: Западен свет (Westworld) (5) ТВ серија: Западен свет (Westworld)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар