ТВ серија: Врисок (Scream)

ТВ адаптација на познатата франшиза филмови „Врисок“

ТВ серија: Врисок (Scream)Главни улоги: Вила Фицџералд, Бекс Тејлор-Клаус, Џон Карна

Жанр: криминал, хорор, мистерија

Креатори: Џил Е. Блоутевогел, Џеј Бити, Ден Дворкин

Премиера: 30 јуни 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 7.67 од 10)

Loading...Loading...

Добре дојдовте во Лејквуд, градот каде што никој не може да ве чуе… како врискате! Ако сте љубители на филмовите „Врисок“, тогаш би требало да ви се допадне и оваа ТВ адаптација. Како и секоја друга хорор приказна од овој вид, настаните брзо доведуваат до настанување на првото убиство, а од таму полека почнуваме да ги запознаваме ликовите и нивните животи, веднаш обидувајќи се да откриеме кој стои зад маската.

(1) ТВ серија: Врисок (Scream)

Откако едно видео ќе резултира со убиство, шокантното насилство ќе поттикне навраќање на низа убиства кои се случиле во минатото. Уште во првата епизода ќе се забележи поврзаноста помеѓу овие два случаи, но не сите ќе успеат веднаш да го сфатат тоа. Според официјалните извештаи стариот сериски убиец би требало да е мртов, но во овој момент не можеме да знаеме дали тој успеал да преживее, се вратил од мртвите или пак, некој друг ја копира неговата работа.

(2) ТВ серија: Врисок (Scream) (3) ТВ серија: Врисок (Scream)

Овие хорор приказни најчесто се одвиваат според шаблон, во кој секогаш има група луѓе, во овој случај тинејџери, со специфични карактеристики. Токму според тие карактеристики лесно може да се предвиди кој ќе биде следната жртва. Но, бидејќи секогаш е најважно исчекувањето кое го забрзува чукањето на вашето срце, терајќи ве да се ставите на местото на момчето или девојката кои залутале и полека се движат кон нивната смрт, слободно можеме да кажеме дека оваа ТВ серија има потенцијал.

(4) ТВ серија: Врисок (Scream) (5) ТВ серија: Врисок (Scream)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар