ТВ серија: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)

ТВ серија за криминалните случаи кои полесно се решаваат кога го имате „ѕверот“ на своја страна

ТВ серија: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)Главни улоги: Кристин Крук, Џеј Рајан, Макс Браун

Жанр: криминалистика, драма

Креатор: Рон Кослоу

Премиера: 11 октомври 2012

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (47 гласа, просек: 8.57 од 10)

Loading...Loading...

Инспирирана од приказната за убавицата и ѕверот, но во сосема поинаков контекст и со поинаков развој на дејството, оваа ТВ серија ќе биде интересен избор за оние кои го сакаат криминалистичкиот жанр и се непоправливи вљубеници во романсата.ТВ серија: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)Во современата верзија на „Убавицата и ѕверот“, убавицата е млада атрактивна детективка која храбро решава случаи на убиство, а ѕверот… па и не е толку грд.ТВ серија: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)Приказната започнува со убиството на мајката на Кетрин, на кое таа е сведок, а успева да се спаси благодарение на силниот Винсент. Тој пак, порано служел за војската, кога бил инјектиран со некакви состојки кои му дале енормно голема сила, но истовремено разбудиле нешто ѕверско во него. За да се заштити од тајните агенти, Винсент е мртов за остатокот од светот.

9 години подоцна, Винсеснт и Кет повторно се среќаваат и почнуваат заедно да ги решаваат случаите, додека постепено градат близок однос кој е истовремено емотивен, професионален и секси.ТВ серија: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)ТВ серија: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)Иако е модерно да се прават преработки на класични приказни во вид на ТВ серии, мора да се нагласи дека за оваа е најмногу искористено името. Самото дејство има свој модерен, оригинален тек. Серијата не е лигава приказна за некаква љубов, напротив во фокусот се криминалните дејствија и случаите на полицијата за нивно решавање. Сепак, сосема малку, како зачин, основата на серијата ја држи необичната врска помеѓу една нежна, но цврста и бестрашна девојка, и еден мажествен, развиен секси „ѕвер“.ТВ серија: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)„Убавицата и ѕверот“ светот ја гледа секој четврток, што значи дека доколку сте љубители на споделените ТВ серии на интернет, веќе во петок после работа можете да уживате во нова епизода.ТВ серија: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)ТВ серија: Убавицата и ѕверот (Beauty and the Beast)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Monika Reply

    Nisto posebno !

  2. Aleksandra Reply

    stvarno mn mi se svigja serijava super e sekoj petok ima novi epizodi stvarno mi se dopagja

  3. LilyW Reply

    За кого како, серијава е направена така што или ја сакаш или не, нема измеѓу. И морам да си признаам, иако требаше долго време да се наканам да си ја симнам сега едвај чекам нова епизода. Мислам, покрај ваков „ѕвер“, како да не ја гледам. :-)

Остави коментар