ТВ серија: Табу (Taboo)

Дејството се одвива во 1813 година, кога Џејмс Дилејни се враќа од Африка во Лондон за да ја одмазди смртта на својот татко

(1) ТВ серија: Табу (Taboo)Главни улоги: Том Харди, Дејвид Хејмен, Џонатан Прајс

Жанр: драма

Креатори: Чипс Харди, Том Харди, Стивен Најт

Премиера: 10 јануари 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 59 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 9.90 од 10)

Loading...Loading...

Најпрво, оваа приказна е навистина добро составена, длабочината може да се забележи уште во првите моменти, а и тимот актери се брилијантно одбрани за својата улога – секој од нив внесува клучен елемент, правејќи ги настаните толку реални што на моменти ќе заборавате дека се наоѓате пред малите екрани, а не во светот кој пред себе го гледате. Имајќи го тоа на ум, содржината често е непријатна за гледање, па ако не сте навикнати на овој стил на раскажување и живописните сцени, може и да не ја забележите убавината која се крие зад ужасот на површината.

(2) ТВ серија: Табу (Taboo) (3) ТВ серија: Табу (Taboo)

ТВ серијата изобилува со неверојатни актери, предводени од страна на Том Харди (кој е и еден од креаторите на самата серија). Неговиот лик, Англичанецот Џејмс Дилејни, поминува низ застрашувачки емоции по смртта на својот татко, што ќе го натера да се врати од Африка во Лондон, каде што со години се верувало дека тој е мртов. Неговото ненадејно појавување, токму на погребот на татко си, ќе предизвика лавина од настани што ретко кој би можел да ги предвиди.

(4) ТВ серија: Табу (Taboo) (5) ТВ серија: Табу (Taboo)

Џејмс е енигма што морате да бидете трпеливи доколку сакате да ја откриете, бидејќи секоја епизода открива само мал дел од неговата комплицирана личност. Токму затоа и првите епизоди покренуваат повеќе прашања отколку одговори, но доколку издржите до подоцнежните епизоди, нема да бидете ни најмалку разочарани. Уште на самиот почеток е јасно дека тој е на одмаздничка мисија, подготвен на сè за да ја постигне својата цел, иако не знаеме што точно го поттикнало тоа – но, како што веќе спомнавме, секоја епизода ќе ви открива доволно информации за да го задржи вашето внимание, но и за да ве натера да ја пуштите и следната епизода.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар