ТВ серија: Светот во криза (The Brink)

Американската власт и војска се обидува да ја спречи Третата светска војна

ТВ серија: Светот во криза (The Brink)Главни улоги: Џек Блек, Тим Робинс, Пабло Шрајбер

Жанр: комедија

Креатори: Роберто и Ким Бенабиб

Премиера: 14 јуни 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (Нема гласови)
Loading...Loading...

На некој начин, оваа ТВ серија е повеќе политичка сатира отколку комедија. Пренагласувањето и исмејувањето е очигледно уште од самиот почеток, но тоа не значи дека овие нешта не се случуваат и во реалноста. До одреден степен, секако. Станува збор за фиктивна американска влада која мора да се соочи со криза од друга држава. Првата сезона се фокусира на Пакистан, а идејата е секоја сезона да се обработува криза во друг дел од светот, со истиот тим ликови.

(1) ТВ серија: Светот во криза (The Brink) (2)ТВ серија: Светот во криза (The Brink)

Оваа ТВ серија е една од оние кои имаат голем број славни ѕвезди, па токму тоа е и една од причините зошто би требало да ѝ дадете шанса. Тим Робинс и Џек Блек се само дел од познатите комедијанти кои се дел од тимот чија комбинација доведува до урнебесни резултати. Приказната е добро и детално изработена, дејствата се одвиваат јасно и со тек, додека пак и покрај темата, таа е лесна и забавна за гледање. Доколку сакате да го опуштите мозокот и малку да се насмеете, таа е одличен избор за вас!

(3) ТВ серија: Светот во криза (The Brink) (4) ТВ серија: Светот во криза (The Brink)

Приказната воглавно се врти околу 3 карактери, наивниот вработен на ниска позиција во американската амбасада во Пакистан, Алекс Талбот, кој сонува да биде дел од ЦИА, рационалниот и грижлив секретар на американската држава, Волтер Ларсон, кој исто така е и зависник од алкохол и секс, како и зависникот и дилер на дрога, Зик Тилсон, кој е пилот на воено летало. Нивната мисија е да се спречи започнувањето на Третата светска војна, на забавен, но истовремено и возбудлив начин. Накратко, актерите ја прават серијата добра за гледање, додека пак, самата приказна без сомнение ќе би го задржи вниманието до крај.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар