ТВ серија: Супергрл (Super Girl)

ТВ серија: Супергрл (Super Girl)

Авантурите на братучетката на познатиот Супермен

(1) ТВ серија: Супергрл (Super Girl)Главни улоги: Мелиса Беноист, Мекад Брукс, Дејвид Хеирвуд, Калиста Флокхарт, Чајлер Леи

Жанр: акција, авантура, научна фантастика

Креатор: Али Адлер, Гред Берланти, Ендрју Креисберг

Премиера: 11 јули 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 43 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 7,75 од 10)
Loading...

Ако сте расположени за нова ТВ серија од Универзумот на DC Comics, тогаш без сомнение треба да почнете да ја гледате оваа. Дејството на настаните, како и самиот тек на приказната многу наликува на добро познатите „Arrow“ и „The Flash“, па доколку ви се допаѓаат и тие, сигурно ќе ви се допадне и оваа. Единствената разлика е што во главната улога конечно имаме девојка, па и целата ТВ серија делува малку „поженствено“ бидејќи ни се пренесува преку нејзините очи. За ова доживување придонесува и самата актерка, Мелиса Беноист, која е зад ликот на Суперглр. Таа делува многу слатко и невино, додека пак, кога ќе го облече својот суперхеројски костум, целосно се трансформира во личност која е моќна и силна.

(4) ТВ серија: Супергрл (Super Girl) (3) ТВ серија: Супергрл (Super Girl)

Приказната започнува така што имаме можност да ѕирнеме во дневниот и нормален живот на 24-годишната Кара Зор-Ел, братучетка на Супермен која била испратена на Земјата за да го чува. Но, по сплет на околности таа била заглавена во длабоката вселена долго време и кога конечно пристигнала на Земјата, Супермен веќе бил возрасна личност која знае како да се грижи за себе. Токму затоа и таа доби втора шанса за нов живот. Но, колку и да се труди, нејзината природа едноставно нема да ѝ дозволи таа да биде како и секоја обична девојка на оваа планета. Кара во себе содржи срце и душа на суперхерој, па токму затоа и нема да може да ја потисне оваа своја внатрешна потреба да им помага на луѓето околу неа.

(5) ТВ серија: Супергрл (Super Girl) (2) ТВ серија: Супергрл (Super Girl)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар