ТВ серија: Слепа точка (Blindspot)

ТВ серија: Слепа точка (Blindspot)

Непозната девојка со амнезија е прекриена со мистериозни тетоважи кои водат кон огромен криминален заговор

(1) ТВ серија: Слепа точка (Blindspot)Главни улоги: Саливан Стејплтон, Џејми Александар, Роб Браун

Жанр: драма, мистерија, трилер

Креатор: Мартин Геро

Премиера: 21 септември 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (11 гласа, просек: 9,09 од 10)
Loading...

Зарем постои некој кој не сака добра мистерија? Оваа ТВ серија е една од оние кои веднаш нè фрлаат во центарот на приказната, без никаков вовед ниту предупредување. Станува збор за млада девојка (Џејми Александар), прекриена со тетоважи, која ќе биде најдена на Тајмс Сквер во Њујорк. Бидејќи таа има амнезија и не знае како се нашла таму, веднаш го добива името Џејн Доу и со својата ситуација го привлекува вниманието на ФБИ кои неуспешно се обидуваат да дознаат нешто повеќе за неа. Нештата ќе станат уште поинтересни кога тие ќе сфатат дека тетоважите на нејзиното тело се мапа кои водат кон огромен криминален заговор, но кои исто така ја носат и чекор поблизу до откривањето на вистината за нејзиниот идентитет.

(2) ТВ серија: Слепа точка (Blindspot) (3) ТВ серија: Слепа точка (Blindspot)

И покрај тоа што Џејн има амнезија, сепак изгледа целото моторно сеќавања ѝ е зачувано. Токму затоа и таа може да се потпре на еден вид внатрешни инстинкти со цел да реагира соодветно на ситуацијата. Исто така, таа одвреме-навреме гледа слики од нејзиното минато, кои ја навраќаат наназад, но не ѝ кажуваат ништо повеќе од тоа што треба да го знае. Некој би рекол дека секој нејзин чекор е веќе однапред испланиран. Поради нејзините тетоважи, кои биле неодамна ставени, таа ќе добие клучна улога во истражувањето на ФБИ, како и во откривањето на своето минато и личноста која некогаш била. Со неколку зборови, ако сте љубители на мистериите, тогаш дефинитивно ќе ви се допадне оваа ТВ серија.

(4) ТВ серија: Слепа точка (Blindspot) (5) ТВ серија: Слепа точка (Blindspot)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар