ТВ серија: Селфи (Selfie)

ТВ серија: Селфи (Selfie)

ТВ серија за прекрасната Елајза Дули која ќе сфати дека бројот на лајкови не значи и број на пријатели

1-tv-serija-selfi-selfie-kafepauza.mkГлавни улоги: Керен Гилан, Џон Чо

Жанр: комедија

Креатор: Емили Кепнек

Премиера: 19 август 2014

Број на сезони: 1

Времетраење: 25 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (23 гласа, просек: 8,22 од 10)
Loading...

Елајза Дули (Керен Гилан) кога била многу мала, во нејзиното училиште била прогласена за најгрдата личност. Токму затоа решила да ги промени работите и да го послуша советот од најпопуларната девојка во училиштето, Корин Меквотерс. Таа направила локни, почнала да го покажува своето деколте, го поправила видот, ја подобрила исхраната и многу брзо успеала да стане „инстапозната“. Денес, Елајза има голем број следачи на Инстаграм, Твитер и Фејсбук каде што добива уште поголем број лајкови и коментари, а токму затоа верува и дека има голем број пријатели.

ТВ серија: Селфи (Selfie)

Но, по еден непријатен настан за време на авионскиот лет во кој сите нејзини колеги ќе бидат присутни, таа ќе сфати дека нема ниту еден вистински пријател. Откако ќе пристигне дома, никој нема да ѝ се јави за да ја праша како е, ниту пак додека ѝ е многу лошо, ќе сака да ѝ го донесе нејзиниот омилен пијалак. Можете само да замислите колку ќе ѝ биде непријатно по сите овие случувања да се врати повторно на работа. И покрај сè, Елајза некако ќе успее да собере храброст и да го стори тоа, со надеж дека веќе сите заборавиле за тоа што се случило, но тивките насмевки на нејзините колеги ќе укажуваат на спротивното.

ТВ серија: Селфи (Selfie) ТВ серија: Селфи (Selfie)

Токму во моментот кога ќе помисли дека на нејзината репутација ѝ нема спас, таа ќе открие дека еден од нејзините колеги успеал да ребрендира и повторно да направи популарен еден нивен продукт кој предизвикувал сатански халуцинации и ќе го замоли истото да го направи и за неа. Хенри (Џон Чо), по мало убедување од нејзина страна, ќе го прифати предизвикот да ја направи подобра личност и во тој момент ќе започне едно интересно и сосема необично пријателство.

5-tv-serija-selfi-selfie-www.kafepauza.mk_

„Селфи“ е интересна ТВ серија која е лесна за гледање и е одлична за во оние моменти кога сакате да го ослободите мозокот од секојдневите грижи и малку да се опуштите. Керен Гилан за овој лик добро го прикрива својот шкотски акцент и совршено се адаптира на нејзината нова средина во Холивуд, додека пак, Џон Чо, кој веќе сите добро го знаете, продолжува да мами насмевки со својот природен шарм. Ние веруваме дека токму оваа комбинација на глумци е она што би можело да ја направи оваа ТВ серија многу забавна и популарна…

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар