ТВ серија: Сè е за никаде! (Everything sucks!)

ТВ серија: Сè е за никаде! (Everything sucks!)

Животот и битките на група тинејџери во училишните ходници во 90-тите години

ТВ серија: Сè е за никаде! (Everything sucks!)Главни улоги: Пејтон Кенеди, Џахи Ди’Ало Винстон, Сидни Свини

Креатори: Бен Јорк Џоунс, Мајкл Моан

Жанр: комедија

Премиера: 16 февруари 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Сигурно и вие, барем еднаш додека сте се шетале по ходниците на вашето училиште, сте си мислеле дека ништо во вашиот живот не чини, дека сè е за никаде. Без разлика дали станувало збор за оцените, за пријателите, за наставниците, за родителите или пак, за самите вас, во тој момент ви делувало како да сте го достигнале дното и како од таа точка ништо да не може да тргне на добро. Но, како и многу други тинејџери, сте успевале да се изборите за својата среќа и сте го направиле тоа што било најдобро за вас, како и за вашите најблиски. Токму тоа е темата и на оваа ТВ серија.

(2) tv-serija-se-e-za-nikade-everything-sucks-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-se-e-za-nikade-everything-sucks-www.kafepauza.mk

Приказната се врти околу две групи тинејџери, едни членови на новинарскиот тим на училиштето, а други на драмскиот клуб. По сплет на околности и низа расправии, тие ќе решат да се здружат за да направат заеднички филм, првиот во тоа време од нивното училиште. И секако, ќе се одлучат за нешто досега невидено, научно фантастична приказна, со инвазија од вонземјани на планетата, проследена со многу акција, хумор и секако, со љубовна романса. Според нив, тоа е една верзија на Ромео и Јулија во вселената, со една разлика – и двајцата остануваат живи на крајот.

(6) tv-serija-se-e-za-nikade-everything-sucks-www.kafepauza.mk (7) tv-serija-se-e-za-nikade-everything-sucks-www.kafepauza.mk

Покрај снимањето на филмот, имаме можност да ја видиме и битката што секој од тинејџерите ја води со себе. На пример, Кејт Меснер (Пејтон Кенеди) пробува да разбере дали ја привлекуваат девојки, Лук О’Нил (Џахи Ди’Ало Винстон) бара начин да живее без татко му што го напуштил кога тој бил многу мал, а на Емалин (Сидни Свини) пак, сè што ѝ е потребно е некој што вистински ќе ја сака и ќе ја цени. Но не само децата, туку и возрасните во оваа серија се обидуваат да изградат добар живот, борејќи се со своите демони. Затоа и таа е интересна за сите возрасти, бидејќи преку неа вие ќе ги преживеете старите добри училишни денови, но и ќе се соочите со проблемите на возрасните.

(4) tv-serija-se-e-za-nikade-everything-sucks-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-se-e-za-nikade-everything-sucks-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар