ТВ серија: Пријатели од колеџ (Friends from College)

ТВ серија: Пријатели од колеџ (Friends from College)

Група пријатели со испреплетени и комплицирани односи меѓу нив, се обидува да „преживее“ во градот што никогаш не спие – Њујорк!

(1) tv-serija-prijateli-od-koledzh-friends-from-college-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Киган-Мајкл Кеј, Ени Парис, Коби Смулдерс

Жанр: комедија

Креатори: Франческа Делбанко, Николас Столер

Премиера: 14 јули 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 8,33 од 10)
Loading...

 

Да бидеме искрени, ретко кој би одбил да гледа комедија. Овие приказни се создадени исклучиво за забава, смеење и опуштање, па тоа е и причината поради која се толку популарни. Не мора дури ни да ги гледате сите епизоди, редовно, ниту пак да ги пуштате како што биле снимани по ред, за да бидете во тек. Едноставно ако почувствувате дека ви треба малку расположување, ја пуштате првата епизода што ќе ви дојде при рака и се испржувате на каучот без ниту една грижа во мислите бидејќи знаете дека за половина час ќе бидете како нови. Имајќи го сè ова на ум, „Пријатели од колеџ“ ги има сите овие карактеристики, но со мала доза драма, што секогаш е добредојдена за оние што сакаат малку подлабока приказна.

(2) tv-serija-prijateli-od-koledzh-friends-from-college-www.kafepauza.mk

Оваа ТВ серија многу наликува на „Пријатели“ (Friends) и „Како ја запознав мајка ви“ (How I Met your Mother“. Единствената разлика е што обработува малку покомплицирана тематика (иако во центарот на настаните се група пријатели) и изборот на актери е малку чуден – ќе ви биде потребно време за да ги засакате, бидејќи поголемиот дел од нив се познати по сосема друга улога и малку е тешко да ги сместите во нешто ново и во оваа комбинација. Но тоа не значи дека не ветува, баш напротив. Дејството се одвива брзо, енергично и гласно и секоја сцена изобилува со хумор, додека истовремено има и соодветна доза драма. Со неколку зборови, доколку некогаш ви е потребно опуштање, што малку ќе ви го размрда мозокот, слободно пуштете ја оваа ТВ серија и забавувајте се овие одлични актери!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар