ТВ серија: Прекрасни дами во боречки ринг (GLOW)

ТВ серија: Прекрасни дами во боречки ринг (GLOW)

Поглед кон личните и професионалните животи на група жени што настапуваат за боречка организација во Лос Анџелес во 80-тите години

(1) tv-serija-prekrasni-dami-vo-borechki-ring-glow-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Алисон Бри, Бети Гилпин, Сидел Ноел

Жанр: комедија, драма, спорт

Креатори: Лиз Флејхајв, Карли Менч

Премиера: 23 јуни 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (Нема гласови)
Loading...

 

Оваа нова комедија од Нетфликс ни ги покажува почетоците на женското присуство во добро познатите боречки шоуа во Америка. Режисерот на шоуто, Сем Силвија, прави аудиција каде што бара несекојдневни жени за да може да ја оствари својата визија и конечно да се пробие во светот на режисерите. Иако тој има неколку филма зад себе, повеќето од нив се несфатени и неприфатени на начинот на којшто тој би сакал, па ова шоу го гледа како можност да докаже дека тој навистина има талент.

(2) tv-serija-prekrasni-dami-vo-borechki-ring-glow-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-prekrasni-dami-vo-borechki-ring-glow-www.kafepauza.mk

Девојките, од друга страна пак, се група необични личности, секоја уникатна на свој начин, чија заедничка цел е конечно некаде да припаѓаат. За повеќето од нив, ова шоу е сè што имаат и тие ќе работат макотрпно за да го задржат своето место. Токму тоа е и убавината на оваа ТВ серија – жените се пробиваат во машки свет, го прават тоа на свој сопствен начин, и стануваат поуспешни одошто некогаш можеле да замислат. Единственото нешто што фали е малку повеќе историја за дамите, за да можеме да разбереме како тие станале онакви какви што денес ги гледаме. Но можеби тоа нè очекува во втората сезона?

(4) tv-serija-prekrasni-dami-vo-borechki-ring-glow-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-prekrasni-dami-vo-borechki-ring-glow-www.kafepauza.mk

На прашањето дали тие се борци или актери, режисерот одговара со „Да“, давајќи им до знаење дека тие ќе имаат сценарио по кое треба да се водат, но сепак ќе се борат во рингот. За многумина ова ќе биде предизвик, но тие ќе успеат да излезат од својата заштитна обвивка и ќе станат посилни и похрабри – оваа трансформација е толку заразна што и вам ќе ве натера да направите нешто што одамна сте сакале, но сте се плашеле. Зарем треба друга причина за да ја погледнете оваа ТВ серија?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар