ТВ серија: Патници (Travelers)

Стотици години од сега, луѓето нашле начин да си ја вратат свесноста назад нив време, во луѓе од 21-от век, со цел да го спасат човештвото од застрашувачка иднина

(1) ТВ серија: Патници (Travelers)Главни улоги: Ерик Мекормак, Мекензи Портер, Неста Купер

Жанр: научна фантастика

Креатор: Бред Врајт

Премиера: 17 октомври 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 10.00 од 10)

Loading...Loading...

Патување низ времето. Не постои ниту една личност на оваа планета што не би посакала да истражува во минатото или иднината на човештвото. Некои дури и би се вратиле назад во својот живот за да поправат одредени грешки или пак, би отпатувале напред само за да видат што ги чека. Но, што ако патувањето низ времето е единствениот начин да се спаси човештвото од работ на изумирање? Дали би се вратиле назад иако знаете дека тоа е патување во еден правец и дека никој не би знаел за вашата жртва, бидејќи по промената, големи се шансите и целосно да се избришете од постоење?

(2) ТВ серија: Патници (Travelers)

ТВ серијата започнува така што ни покажува неколку сцени во кои се одбројува смртта на одредени луѓе во 21-от век. Но, токму во моментот пред тие да умрат, почнуваат да чувствуваат силна главоболка и одеднаш говорот на телото целосно им се менува, давајќи ни до знаење дека тоа не е истата личност што ја гледавме до пред неколку секунди – иако го има истиот лик. Часовникот почнува да отчукува ново време, започнувајќи од 1, и сите овие личности за конец ја избегнуваат смртта.

(3) ТВ серија: Патници (Travelers)

Нивната мисија е да се адаптираат на животот што претходниот „сопственик“ на телото го живеел, без да покренат сомнежи. Па така, дел од нив одат во училиште, други на работа, а некои пак мора да се снајдат во рамките на семејството – со сопрузи и деца кои ги сакаат и ги познаваат подобро од кој било друг на овој свет. И сè тоа да го балансираат со нивната мисија, што е всушност спречување одредени настани да се случат и чекор по чекор, да го спасат човештвото и трагедијата што следува.

(4) ТВ серија: Патници (Travelers)

Станува збор за ТВ серија што е лесна за гледање, но и со доволно богата приказна за да ви го задржи вниманието до самиот крај. Секој лик има двоен живот, а тоа воопшто не е лесно да се издржи, па нивната борба за адаптација и баланс помеѓу две екстреми е одлично доловена, благодарение на добриот избор актери. Епизода по епизода, вие ќе откривате сè повеќе за овие херои и нема да можете да не ги засакате токму поради изборите што ги прават.

(5) ТВ серија: Патници (Travelers)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар