ТВ серија: Панишер (Punisher)

ТВ серија: Панишер (Punisher)

По убиството на своето семејство, поранешниот маринец Френк Касл има само една цел – да ја одмазди нивната смрт!

(1) tv-serija-panisher-punisher-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Џон Бернтал, Амбер Роуз Рива, Ебон Мос-Бахрах

Жанр: акција, авантура, криминал

Креатор: Тив Лајтфут

Премиера: 17 ноември 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 8,33 од 10)
Loading...

 

Ако ги следите телевизиските адаптации на дел од најпознатите ликови на Марвел, тогаш веќе знаете кој е Френк Касл. Тој беше претставен во ТВ серијата „Дердевил“ (Daredevil), како машина за убивање негативци. Неговото воено минато во комбинација со смртта на неговото семејство, го претвори во незапирлив одмаздник чија сила потекнува токму од тоа што нема што да изгуби – тој во секоја мисија влегува како да му е последна, со единствената мисла да го исчисти светот од злото или да умре обидувајќи се да го стори тоа.

(2) tv-serija-panisher-punisher-www.kafepauza.mk

Најсадистичкиот антихерој во светот на Марвел отсекогаш предизвикувал фасцинација меѓу читателите и гледачите, па затоа и Џон Бернтал доби шанса да го одведе својот карактер на сосема ново ниво. Тој со својата репутација успеа да изгради сопствена серија, соодветно насловена како „Панишер“ (Punisher), во која можеме подобро да го запознаеме преку подетално истражување на неговото минато и настаните што го претвориле во рамнодушен убиец. Ова е одлична шанса за неговите фанови од Дердевил да разберат како размислува овој лик.

(3) tv-serija-panisher-punisher-www.kafepauza.mk

Сепак, тоа што на многумина не им се допадна, а и лично мене, е степенот на насилство и убивање во оваа приказна. Да, точно е дека тој не е суперхерој, барем не онаков каков што сме навикнати да гледаме во приказните за Дердевил, Џесика Џоунс, Лук Кејџ и Ајрон фист, но сепак масовното убиство не е нешто што е лесно за гледање. Едно е да уживаме во разни боречки вештини (што всушност е само уште една добро смислена кореографија), но нешто сосема друго е планирано убиство на групи луѓе, макар тие биле криминалци, без трошка жал и каење во очите на човекот зад чкрапалото.

(4) tv-serija-panisher-punisher-www.kafepauza.mk

Што мислите вие? Дали Панишер е премногу темна серија или пак, може да си пронајде публика со доволно цврст стомак што би ги издржала сите сцени и притоа би уживала во самата приказна?

(5) tv-serija-panisher-punisher-www.kafepauza.mk


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар