ТВ серија: Ова сме ние (This Is Us)

ТВ серија: Ова сме ние (This Is Us)

Животот на група луѓе родени на истиот датум се испреплетува на необични начини

(1) ТВ серија: Ова сме ние (This Is Us)Главни улоги: Мајло Вентимиглија, Менди Мур, Криси Метс, Џастин Хартли, Стерлин К. Браун

Жанр: драма, комедија

Креатор: Ден Фогелман

Премиера: 20 септември 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (9 гласа, просек: 9,89 од 10)
Loading...

Многу е тешко да се најде друга ТВ серија од оваа есен што е толку тешко да се процени дали е добра според првата епизода од „Ова сме ние“ – драма за неколку луѓе што делат ист роденден и за нештата што можеби им се заеднички. Првата епизода завршува со откривање на насоката во која ќе се движи приказната во текот на целата сезона, и покрај тоа што е слатко раскажана, сепак не ни открива што точно можеме да очекуваме. Интересно е што може уште веднаш да се забележи дека токму тоа е и намената на самата епизода – да ни покаже неочекуван пресврт што ќе нè заинтересира да продолжиме со гледање, но без никакви очекувања…

(4) ТВ серија: Ова сме ние (This Is Us) (3) ТВ серија: Ова сме ние (This Is Us)

Дејството го следи брачниот пар, Џек (Мајло Вентимиглија) и Ребека (Менди Мур), сестрата и братот, Кејт (Криси Метс) и Кевин (Џастин Хартли), како и успешниот семеен човек Рандал (Стерлин К. Браун). Кога прв пат ќе ги запознаеме, Џек, Кејт, Кевин и Рандал го слават својот 36-ти роденден и сите  поминуваат низ поголеми или помали драми во својот живот. Штом бремената Ребека ќе му го подари на Џек неговиот вообичаен капкејк (заедно со заводлив танц), таа ќе ги почувствува првите знаци за породување. Ребека е бремена со тројка. Во меѓувреме, Рандал е изненаден со торта од страна на колегите додека го дознава името на својот татко, кој го напуштил на противпожарна станица кога бил новороденче. Кејт, од друга страна, која компулсивно се прејадува, тажно зјапа во сопствената торта, прекриена со забелешки што ја потсетуваат да не ја изеде предвреме. И за крај Кевин, актер со добро тело, се обидува да го задржи својот креативен интегритет додека е водечкиот лик во будалеста ТВ серија наречена „Машка беби-ситерка“.

(2) ТВ серија: Ова сме ние (This Is Us) (4) ТВ серија: Ова сме ние (This Is Us)

Ако ви кажеме повеќе од ова, ќе ви ја откриеме централната мистерија на првата епизода, која полека и грациозно се открива со секоја минута. Навистина е тешко да се изгради изненадувачка и целосна приказна во само 40 минути со толку многу карактери, но сепак оваа ТВ серија успева да го направи токму тоа. Ние истовремено и ги запознаваме ликовите и наоѓаме поврзаност помеѓу нивните животи. Резултатот е епизода што ни дозволува да ја набљудуваме убавината и мистеријата на животот – со изненадувачки позитивни пораки за судбината и мистериозната сила која сите нè поврзува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар