ТВ серија: Орвил (The Orville)

ТВ серија: Орвил (The Orville)

Урнебесните авантури на екипажот од ѕвездениот брод Орвил

(1) tv-serija-orvil-the-orville-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Сет Мекфарлан, Адриен Палицки, Пени Џонсон Џералд

Жанр: комедија

Креатор: Сет Мекфарлан

Премиера: 10 септември 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (3 гласа, просек: 7,33 од 10)
Loading...

 

За љубителите на Ѕвездени патеки и останатите научно фантастични ТВ серии чие дејствие се случува во вселената, конечно имаме можност да гледаме една од овие приказни во комична верзија. Орвил е еден вид пародија на сите телевизиски и филмски приказни со ѕвездени бродови досега, но само најголемите фанови на Ѕвездени патеки ќе можат да ги препознаат и да ги разберат сите шеги и брилијантни досетки. Но не грижете се, дури и да не сте ги гледале овие серии досега, Орвил ќе ви биде забавна бидејќи тоа е и нејзината цел – таа е лесна за гледање, со брзо темпо на развивање на настаните и многу хумор. Па ако ви е потребно брзо расположување, ви гарантираме дека екипажот на Орвил ќе ве одведе на луда авантура од која ќе излезете со голема насмевка на вашето лице.

(2) tv-serija-orvil-the-orville-www.kafepauza.mk

Дејството се случува во далечните 2300-ти години, кога Ед Мерсер (Сет Мекфарлан) конечно ќе добие свој ѕвезден брод и ќе стане капетан. Но по сплет на околности, позицијата на прв офицер ќе ја добие неговата бивша сопруга, Кели Грејсон (Адриен Палицки), со која се развел откако ја нашол во кревет со љубовник. Веќе можете да претпоставите дека нештата ќе бидат урнебесни на мостот! Но тоа не е најинтересното нешто во оваа приказна. Токму разновидноста на споредните ликови и нивните забавни карактери се тие што ја збогатуваат и прават оваа ТВ серија навистина забавна за гледање. Секој си има своја приказна, своја доблест или маана, што во дадена ситуација може да ја спаси ситуацијата од неизбежна пропаст или пак, да создаде неволја каква што не сте виделе досега. За оваа серија важи правилото – сè што може да тргне наопаку, тоа и ќе се случи, па врзете ги појасите бидејќи ве очекува турбулентно возење!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар