ТВ серија: ОА (The OA)

Откако 7 години била исчезната, слепата Прери Џонсон се враќа дома, но со обновен вид и чудно однесување…

(1) ТВ серија: ОА (The OA)Главни улоги: Емори Коен, Скот Вилсон, Алис Криг

Жанр: драма, мистерија

Креатори: Зал Батманглиж, Брит Марлинг

Премиера: 16 декември 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 6.00 од 10)

Loading...Loading...

Приказната започнува типично за една мистерија од овој вид. По 7-годишно исчезнување, слепата Прери Џонсон се враќа во домот на родителите, но со обновен вид. Многумина гледаат на ова како чудо, но постојат и такви што сметаат дека таа е опасна. Сепак нејзините родители со срце ја дочекуваат и веднаш ја пренесуваат од болница во нивниот дом, за да ѝ помогнат полесно да се адаптира на стариот живот.

(2) ТВ серија: ОА (The OA)

Однесувањето на Прери е целосно сменето и таа едвај зборува за тоа што ѝ се случило, но советниците и експертите за жртви на киднапирање објаснуваат дека тоа е сосема нормално по преживувањето толку тешка траума. Во овој момент, сè што знаеме за неа е дека таа 7 години била држена против својата волја. Тука завршува делот од приказната што веќе го имате видено во овој жанр и нештата почнуваат да добиваат необичен и необјаснив тек.

(5) ТВ серија: ОА (The OA)

Нетфликс е познат по специфичниот начин на раскажување, каде што поголем акцент се става на развој на ликовите отколку на сè останато, па затоа очекувајте бавно разоткривање на мистеријата. Бавно, но не здодевно. Прери, која сега се претставува како ОА, одбира група луѓе на кои решава да ја сподели својата приказна, која со секоја епизода станува сè поневеројатна и потешка за верување –  токму затоа и нема да можете да престанете да гледате.

(3) ТВ серија: ОА (The OA)

Креаторите на ТВ серијата не се плашеле да се препуштат на својата фантазија и да нè одведат на толку апсурдно и необично патување, што во еден момент ќе си помислите дека приказната не би можела да биде подалеку од реалноста одошто веќе е и во тој момент Прери за малку ќе се задави голтајќи птица направена од светлина. Да, тоа навистина се случува. Сепак начинот на кој таа раскажува ќе ви го задржи вниманието и каде што ОА оди, таму и вие ќе следите…

(4) ТВ серија: ОА (The OA)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар