ТВ серија: Нешвил (Nashville)

Кога музиката ти е животот и ќе направиш сè за да се издигнеш кон врвот, но и да останеш таму ако некогаш одамна си успеал

ТВ серија: Нешвил (Nashville)Главни улоги: Кони Бритон, Хајден Панетиер, Клер Боуен, Чарлс Естен, Џонатан Џексон

Жанр: драма, мјузикл

Креатор: Кели Кури (Телма и Луиз)

Премиера: 10 октомври 2012

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (13 гласа, просек: 9.46 од 10)

Loading...Loading...

Нешвил е центарот на музичката индустрија, каде што големите успеале, а ентузијастите одат да живеат за да ја испитаат својата шанса за пробив. Една од главните ѕвезди е Рејна Џејмс  (Кони Бритон) – позната кантри пеачка која ја држи сцената повеќе од 20 години. Од друга страна, младата публика ѝ е наклонета на младата Џулиет Барнс (Хајден Панетиер), која очајно сака да се пробие како вистинска пеачка. Нив две ги поврзува музичката куќа со која соработуваат, но и главниот гитарист на бендот на Рејна – Дикон (Чарлс Естен), кого Џулиет сака да го земе со себе на претстојната турнеја. Тие меѓусебно не се почитуваат, па и не се сакаат, но судбината некако им ги спојува патиштата, сакале тие или не.ТВ серија: Нешвил (Nashville)ТВ серија: Нешвил (Nashville)Во овој град сите пеат, пишуваат и продуцираат музика. Музиката е главната тема на која протагонистите разговараат и главната причина поради која понекогаш се караат, но често стануваат среќни. ТВ серија: Нешвил (Nashville)Паралелно се прикажуваат животните приказни на уште неколку ликови кои го движат дејството. Скарлет (Клер Боуен) е атрактивна скромна девојка која се преселила во Нешвил за да биде со нејзиното момче Ејвери (Џонатан Џексон) кого бескрајно го сака. Тој пак се обидува да успее со неговиот бенд, кој иако има редовни вечерни свирки, тежнее да се пробие на голема врата и да потпише за голема издавачка куќа. За жал, наспроти безрезервната, дури глупава љубов на Скарлет кон Ејвери, тој се чини повеќе го сака успехот во музиката, отколку неа. Но, таа го има колегата од кафулето Ганер (Сем Паладио), со кого пак случајно ќе почне да твори музика и на тој начин, да се пробива на својот пат кон успехот.ТВ серија: Нешвил (Nashville)Во серијата ги гледаме и животите на семејството на Рејна, две деца и сопруг, кој пак со поддршката на нејзиниот татко (кого таа не го сака баш многу) се кандидира за градоначалник на претстојните избори. Семејството на нејзината неомилена колешка Џулиет пак, се состои само од нејзината мајка која е зависник од дрога и веројатно главна причина што Џулиет е таква каква што е – секогаш весела на сцената, но тажна, скршена и осамена кога никому не треба да му прикаже широка насмевка. ТВ серија: Нешвил (Nashville)Ако се мислите дали да почнете да ја гледате серијата и веднаш ве одбиваат зборовите „кантри“ и „мјузикл“, еве обид да ве премислиме. Дефинитивно треба да сакате музика за да можете да ја гледате серијава, но кој не сака музика?! Исто така, и покрај тоа што „Нешвил“ изгледа како обид за промоција на кантри музиката, тука всушност има и многу добри стихови и мелодии кои не само што ќе ви го разложат срцето на парчиња кои искрат, туку и ќе ве натераат да ги побарате песните на Јутјуб и да ги слушате одново и одново. За среќа, саундтракот е достапен за слушање, а ние правиме селекција на две песни, кои дефинитивно облеваат со морници и однадвор и однатре.

Ленон и Мејси Стела кои ги знаеме како сестрите кои  пеат и „свират“ со кутии од маргарин

Две причини плус да ја гледате оваа серија е фантастичната глума и добро изградените ликови, како и самата приказна која е во совршен баланс (а не потчинета на) со музичките сцени.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар