ТВ серија: На терапија

ТВ серија за секојдневните проблеми на Македонците кои се обидуваат да најдат решение со помош на психотерапевт

(0) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Никола Ристановски, Јелена Јованова, Тони Наумовски, Драгана Костадиновска, Ангела Димитрова, Висар Вишка

Жанр: драма

Продуцент: Роберт Насков

Премиера: 18 септември 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: ~40 минути

Јазик: македонски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (33 гласа, просек: 9.09 од 10)

Loading...Loading...

 

Како голем љубител на ТВ сериите, ми причинува огромно задоволство што можам да пофалам една наша ваква приказна. Досега имавме можност да погледнеме 3 епизоди од 45-те снимени и мора да признам дека воопшто не разочаруваат и навистина вреди да се одвои време за нив. На кратко, квалитетот на серијата е на високо ниво, глумата е неверојатна, а изборот на актерите (барем досега) е скоро совршен. Започнувајќи од психотерапевтот и неговите клиенти, па сè до останатите споредни ликови, изгледа како секој актер да е роден за доделената улога.

(2) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mk

Што се однесува до самата приказна, токму ликовите се оние што ја издвојуваат од останатите. Имаме можност да запознаеме комплексни карактери што се борат со секојдневни македонски проблеми во кои многумина од вас без сомнение ќе се пронајдат. И како што тие се обидуваат да ги решат овие потешкотии на психотерапевтскиот кауч, така и кај вас ќе почнат некои внатрешни процеси, мотивирајќи ве и самите да преземете нешто во врска со вашиот живот, па можеби дури и да побарате помош од професионалец, ако имате потреба од тоа.

(3) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mk (4) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mk

Главниот актер, Никола Ристановски, ја толкува улогата на психотерапевтот д-р Виктор Терзиев и донекаде може да ви покаже како навистина изгледаат овие сесии. Имајќи го ова на ум, како личност што поминала низ психотерапевтската обука, чувствувам должност да ве предупредам дека тој е само лик во серија, па не треба да го земате здраво за готово тоа што го гледате пред вас. Ако прашате искусен психотерапевт, тој веднаш ќе ви укаже на голем број грешки во неговите прашања, коментари и однесувања, што ниту еден психотерапевт не смее да си ги дозволи. Сепак сите овие нешта се дел од поголемата слика што сценаристите сакаат полека да ја откриваме со секоја нова епизода и со оглед на тоа што не станува збор за реалноста, не делуваат толку страшно.

(5) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mk (6) tv-serija-na-terapija-www.kafepauza.mk

Досега најголем впечаток остави перформансот на актерката Јелена Јованова, и нејзината епизода беше значително посилна во однос на останатите. Но како и секоја друга добра серија, потребно е време да ги запознаеме сите ликови, како и да минеме низ сито и решето со нив, за да можеме да се поврземе и да ги разбереме. Очекувам дека тоа и ќе се случи, останува само на времето да ни покаже дали сум во право…

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар