ТВ серија: Луѓе (Humans)

Што навистина значи да се биде човек?

ТВ серија: Луѓе (Humans)Главни улоги: Ив-Џејн Вилис, Џема Чен, Том Гудман-Хил

Жанр: драма, научна фантастика

Креатори: Сем Винсент, Џонатан Брекли

Премиера: 14 јуни 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 9.50 од 10)

Loading...Loading...

Со оглед на тоа колку брзо се развива технологијата, воопшто не е тешко да се замисли дека во иднина би можеле да имаме роботи кои наликуваат многу на своите креатори, луѓето, и кои би ни помагале во сите аспекти од нашиот живот. Токму тоа е и темата на оваа ТВ серија, која всушност е британска адаптација од популарната шведска серија „Real Humans“. Па, ако ви се допаднала таа, без сомнение ќе ви се допадне и оваа која се движи по истата основа.

(1) ТВ серија: Луѓе (Humans) (2) ТВ серија: Луѓе (Humans)

Настаните се одвиваат во паралелна реалност, каде што Синтовите, чие име потекнува од „Synths“, односно „Synthetics“, што во буквален превод значи вештачки, се еден вид софистицирани роботи кои изгледаат, се однесуваат и зборуваат како луѓето. Нивната цел е да им го олеснат секојдневието на луѓето, така што ќе им помагаат со секојдневните домашни и работни обврски. И покрај тоа што мал број се против овие роботи слуги, поголемиот дел од нив ги прифаќаат во целост, па дури и ги сметаат за блиски пријатели.

(3) ТВ серија: Луѓе (Humans) (4) ТВ серија: Луѓе (Humans)

Но, помеѓу овие роботи чие однесување е однапред програмирано, постои и мала група со свесност. Овие Синтови поради некоја причина можат да размислуваат сами за себе, но исто така можат и да чувствуваат. Всушност, единственото нешто по кое се разликуваат од вистинските луѓе се елементите од кои се составени. Токму поради својата уникатност, тие се секојдневно мета на група истражувачи кои сакаат да го прекинат нивното постоење. Оваа ТВ серија е една од оние кои ќе ве натераат да се запрашате и замислите што точно да значи да се биде човек, па токму тоа е и една од причините зошто нема да можете да престанете да ја гледате.

(5) ТВ серија: Луѓе (Humans) (6) ТВ серија: Луѓе (Humans)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар