ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)

ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)

Една група луѓе во викторијански Лондон се здружуваат со цел да се борат против натприродни сили

ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)Главни улоги: Џош Хартнет, Тимоти Далтон, Ева Грин

Жанр: драма, хорор

Креатор: Џон Логан

Премиера: 28 април 2014

Број на сезони: 1

Времетраење: 52 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (17 гласа, просек: 8,65 од 10)
Loading...

Приказната започнува со убиството на една мајка и нејзината ќерка доцна во ноќта, а потоа полека нè води во животите на дел од главните ликови. Многу брзо ќе ја запознаеме Ванеса Ивс (Ева Грин) која поседува мистериозни способности. Таа е заводлива, но преполна со тајни и опасност. Таа е вешт набљудувач, на моменти дури и видовита, како и силен медиум помеѓу живите и мртвите. Но, нејзините способности доаѓаат со висока цена и таа мора да се бори против своите внатрешни демони кои за неа, но и за сите околу неа се реални и опасни. Ванеса често може да се забележи во присуство на сер Малколм Мјуреј (Тимоти Далтон). Тој има тежок пат пред себе, бидејќи Мина (Оливија Луелен), неговата ќерка, е изгубена некаде во натприродниот свет и тој е подготвен на сè за да ја врати назад.

ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)

Бидејќи во потрагата по Мина тие имаат потреба од огнена поддршка, Ванеса ќе го убеди Итан Чендлер (Џош Хартнет) кој е вешт со своето оружје да биде покрај нив во најтешките моменти. Итан е човек кој очајно бега од своето минато и кој крие една голема и длабока тајна за себе од светот. Истражувајќи ги најтемните ќошиња на мрачниот Лондон, овие ликови ќе налетаат на д-р Франкештајн од кого ќе им биде потребна помош при идентификување на едно суштество кое наликува на вампир. Тој, кој го посветил животот на своето истражување, би направи сè за да ја победи смртта и токму тоа е една од причините поради кои ќе реши да им помогне на сер Малколм и Ванеса во истражувањето на овие мистериозни суштества.

ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful) ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)

Она што е навистина интересно кај оваа ТВ серија е фактот што таа содржи необичен спој на многу познати ликови, како Доријан Греј, Виктор Франкенштајн и неговото чудовиште, Мина и Ван Хелсинг, кои секако со себе носат и вампири… А онаму каде што има вампири, многу јасно е дека ќе има и врколаци. И покрај тоа што оригиналните приказни за овие ликови се донекаде зачувани, сепак очекувајте и големи промени. „Penny Dreadful“ е застрашувачки психолошки трилер кој ги спојува овие класични хорор приказни со нови и свежи ликови и ги претвора во одлична драма за возрасни. Но, имајте на ум дека оваа ТВ серија не е за оние со „слабо срце“ и доколку не сте фан на крвави сцени, голотија, брутални убиства и уште многу други ужасни слики, тогаш таа дефинитивно нема да ви се допадне.

ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful) ТВ серија: Лондонски хорор приказни (Penny Dreadful)

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар