ТВ серија: Легенди на утрешнината (Legends of Tomorrow)

ТВ серија за патникот низ време, Рип Хантер, кој собира тим од херои и негативци со цел да ја спречи апокалипсата која ѝ се заканува на Земјата

(1) ТВ серија: Легенди на утрешнината (Legends of Tomorrow)Главни улоги: Виктор Гарбер, Брендон Рут, Кејти Лотс, Артур Дарвил

Жанр: акција, научна фантастика

Креатори: Грег Берланти, Марк Гугенхејм, Фил Клемер

Премиера: 21 јануари 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (6 гласа, просек: 8.50 од 10)

Loading...Loading...

Кога хероите не се доволни… На светот му се потребни легенди! Откако видел што го очекува човештвото во иднината, Рип Хантер (Артур Дарвил) ќе се обиде да спречи одредени настани да се случат така што ќе патува назад низ времето. Неговата мисија е да собере група од очајни херои и негативци, со цел заедно да ѝ се спротивстават на една незапирлива закана која еден ден може да значи крајот на целото човештво. Но, најголемото прашање е дали може да му се верува на овој тим да победат бесмртна закана каква што никогаш досега не виделе?

(2) ТВ серија: Легенди на утрешнината (Legends of Tomorrow) (4) ТВ серија: Легенди на утрешнината (Legends of Tomorrow)

Ако сте љубители на ТВ сериите „Arrow“ и „The Flash“, тогаш без сомнение ќе ви се допадне и оваа приказна. Со оглед на тоа што ликовите се извлечени од овие 2 серии, тие сигурно веќе многу добро ви се познати, па ќе можете веднаш да се вклопите во дејството. Исто така, можеме да очекуваме и епизоди во кои се вклучени главните ликови од сите овие серии, како што тоа често се прави помеѓу приказните од „DC Comics“, па едноставно нема да можете да не ги гледате ако сакате да бидете во тек со настаните. На кратко, оваа ТВ серија е одлична за оние моменти кога сакате да избегате од реалноста, а сте расположени за приказна која е лесна за гледање…

(3) ТВ серија: Легенди на утрешнината (Legends of Tomorrow) (5) ТВ серија: Легенди на утрешнината (Legends of Tomorrow)


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар