ТВ серија: Квантико (Quantico)

ТВ серија: Квантико (Quantico)

ТВ серија за група млади ФБИ агенти меѓу кои се крие „заспан“ терорист

(1) ТВ серија: Квантико (Quantico)Главни улоги: Пријанка Чопра, Џош Хопкинс, Унџан Елис

Жанр: криминал, драма, мистерија

Креатор: Џошуа Сафран

Премиера: 27 септември 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (20 гласа, просек: 8,85 од 10)
Loading...

Секој носи тајна во себе. Тајна со која мора да живее до крајот на својот живот. Но, понекогаш таа и не е толку важна – тешкиот дел е справувањето со истата. Сите млади агенти кои сакаат да станат дел од ФБИ го прават тоа поради темна причина од нивното минато. Без разлика дали станува збор за загуба на родителите или напад на својата татковина, тие се подготвени да го дадат својот живот за доброто на нивната држава. Само на тој начин можат да се убедат дека прават некаква значајна разлика.

(2) ТВ серија: Квантико (Quantico) (3) ТВ серија: Квантико (Quantico)

Алекс Периш (Пријанка Чопра) е една од овие луѓе. Таа отсекогаш сакала да биде во првата линија на одбрана од големиот број закани со кои се соочува нејзината држава. Токму затоа и тајно, без да знае никој од нејзиниот живот, одбира да оди во Квантико. Таму запознава 49 други млади агенти кои поради свои лични мотиви, не толку различни од нејзините, ја донеле истата одлука. И сè делува во ред, додека не се случи застрашувачки терористички напад каде што Алекс ќе се најде во самата средина. Иако не е виновна, сепак таа е обвинета. За среќа, има помош и успева да избега со цел да може да го најде вистинскиот виновник кој се крие меѓу нејзините соученици.

(4) ТВ серија: Квантико (Quantico) (5) ТВ серија: Квантико (Quantico)

Иако првата епизода делува малку избрзано и недоработено, сепак ни овозможува добра основа за приказна која има потенцијал. Сè започнува со застрашувачки терористичкиот напад, потоа постојано враќајќи нè назад во потрага по вистинскиот терорист кој се крие помеѓу новите млади агенти на ФБИ. Пријанка Чопра, која е Боливуд актерка, пејачка и победничка на Мис на светот во 2000 година, одлично се снаоѓа во новата средина, помеѓу нејзините колеги од Холивуд. Останатите актери се исто така добро избрани, формирајќи квалитетна група која нè води низ емоционален ролеркостер кој доаѓа со напорниот тренинг во Квантико.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар