ТВ серија: Круна (The Crown)

ТВ серија: Круна (The Crown)

Почетоците на владеењето на кралицата Елизабета II во Велика Британија

(1) ТВ серија: Круна (The Crown)Главни улоги: Клер Фој, Мет Смит, Ванеса Кирби, Џон Литгоу

Жанр: драма, историја

Креатор: Питер Морган

Премиера: 04 ноември 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 7,50 од 10)
Loading...

Во последно време ретко можеме да наидеме на ТВ серија што не е исполнета само со површни ликови, празна акција и експлицитни сцени. Тоа е и една од причините зошто голем дел од новите приказни на малите екрани не се задржуваат долго, па брзо завршуваат – луѓето едноставно се заситија од моменталното задоволство што го предизвикуваат овие „брзи“ сцени за кои не е потребно многу напор да се следат. Да, тие се одлични за да го одморите малку мозокот и да му дозволите на времето околу вас да помине побрзо, но по некоја епизода тој ефект исчезнува и заинтересираноста избледува.

(2) ТВ серија: Круна (The Crown) (3) ТВ серија: Круна (The Crown)

Имајќи го ова на ум, ако сте во потрага по впечатлива приказна, исполнета со богати ликови интерпретирани од страна на талентирани актери и секако, инспирирана од вистински настани, тогаш без сомнение сте на вистинското место. Дејството на оваа приказна почнува во Велика Британија, за време на 40-тите години, односно ни го покажува преминот на Елизабета II од тивка принцеза во моќна кралица. Првата епизода ни ја покажува свадбата на Елизабета (Клер Фој) и Филип (Мет Смит) и оттаму полека нè води кон настаните што доведуваат таа да ја наследи круната од својот татко, Џорџ VI (Џаред Харис).

(4) ТВ серија: Круна (The Crown) (5) ТВ серија: Круна (The Crown)

Неверојатното сценарио ни го открива приватниот пат на Кралицата, оној што малкумина имале можност да го видат. Тоа е толку маестрално напишано, што нема да можете да го оттргнете погледот од екранот додека не ја дознаете целата приказна. Не можеме да бидеме сигурни дали сите настани се вистинити (во овој жанр често се менуваат одредени ситуации со цел да се постигне поголем ефект кај публиката), но тоа нема да ве спречи да уживате зад затворените врати на Бакингемската палата, во свет исполнет со моќ и привилегија каде што лидерите на империјата чекаат…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар