ТВ серија: Крајот на е***иот свет (The End of the F***ing World)

Двајца тинејџери бегаат од дома и се впуштаат во авантура што целосно ќе им го смени животот

(1) tv-serija-krajot-na-eiot-svet-the-end-of-the-fing-world-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Џесика Барден, Алекс Лотер, Стив Орам

Жанр: комедија, драма

Креатор: Џонатан Ентвисл

Премиера: 24 октомври 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 8.71 од 10)

Loading...Loading...

 

„Крајот на е***иот свет“ е базирана според графички роман со истото име, напишан од страна на Чарлс Форсман, и ја следи авантурата на двајца тинејџери кои бегаат од своите домови со цел да се пронајдат себеси. Станува збор за темна комедија, жанр што во последно време добива сè поголема популарност меѓу љубителите на телевизиските приказни. Па ако сте расположени за малку поинаква приказна, добро прифатена и од гледачите и од критичарите, тогаш дефинитивно треба да ѝ дадете шанса.

(5) tv-serija-krajot-na-eiot-svet-the-end-of-the-fing-world-www.kafepauza.mk (2) tv-serija-krajot-na-eiot-svet-the-end-of-the-fing-world-www.kafepauza.mk

Џејмс е 17-годишен средношколец кој се сомнева дека е психопат. Тој како мал дури и ја потопил раката во жежок зејтин, за да се натера да почувствува нешто, а од неодамна е опседнат со смртта, па убива мали животни. Алиса е нова во неговото училиште, и изгледа навистина кул со својот опуштен стил и погрдните зборови што ги користи повеќе од оние секојдневните. Таа веднаш ќе му пристапи, сакајќи да се зближи со него, мислејќи дури и дека има шанса да го засака. Тој, од друга страна пак, размислувајќи за дали е време конечно да премине на убивање луѓе, ќе ја прифати нејзината покана токму од таа причина – за да ја убие.

(3) tv-serija-krajot-na-eiot-svet-the-end-of-the-fing-world-www.kafepauza.mk (4) tv-serija-krajot-na-eiot-svet-the-end-of-the-fing-world-www.kafepauza.mk

По сплет на околности, тие бегаат од своите според нив ужасни домови, и тргнуваат на непланирана авантура. Џејмс го гледа тоа како шанса да ја убие некаде во дивината, а Алиса како можност да се оттргне од семејството што постојано ја повредува. Но, некаде по патот, тие се зближуваат, и работите меѓу нив почнуваат да се менуваат. И верувале или не, но ќе сретнат многу полоши луѓе од самите нив, а и ќе дознаат многу нешта за себе, кои се кријат под маската што ја носат пред светот, а се под влијание на нивните застрашувачки искуства како деца.


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар