ТВ серија: Холистичката детективска агенција на Дирк Џентли (Dirk Gently’s Holistic Detective Agency)

Холистичкиот детектив Дирк Џентли истражува натприродни и бизарни случаи

(1) tv-serija-holistichkata-detektivska-agencija-na-dirk-dzhentli-dirk-gentlys-holistic-detective-agency-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Семјуел Барнет, Илајџа Вуд, Фиона Дуриф, Хана Маркс

Жанр: комедија, научна фантастика

Креатор: Макс Ландис

Премиера: 22 октомври 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (1 гласа, просек: 10.00 од 10)

Loading...Loading...

 

Ако сте расположени за малку поинаква детективска приказна, инспирирана од книгата со истото име на Даглас Адамс, тогаш сте на вистинското место! Имено, станува збор за толку заплеткана и непредвидлива приказна, каде што морате да пазите дури и на најмалите детали за да не пропуштите нешто важно, што нема ни да забележите кога епизодата завршила. На тој начин ќе ги изгледате сите одеднаш, заборавајќи на реалноста околу вас. Тоа е и причината поради која гледаме серии, се согласувате?

(2) tv-serija-holistichkata-detektivska-agencija-na-dirk-dzhentli-dirk-gentlys-holistic-detective-agency-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-holistichkata-detektivska-agencija-na-dirk-dzhentli-dirk-gentlys-holistic-detective-agency-www.kafepauza.mk

„Сѐ е поврзано“ е изјава што често ќе ја слушате во оваа ТВ серија, па затоа и мора постојано да бидете на штрек бидејќи дури и најмалите ситници укажуваат на поголемата слика што нема да ја разберете доколку сте трепнале во погрешно време. Семјуел Барнет како Дирк Џентли и Илајџа Вуд како Тод Бротзман ја водат приказната на своите рамена и одлично ги одигруваат своите необични и малку „луди“ карактери. Веруваме дека кој било друг актер во чевлите на овие ликови не би можеле да ни ги доближат толку нивните души, како што го направија тоа овие двајца. Од другите актери, мора да се издвои и Фиона Дуриф, која ја толкува Барт Крлиш толку добро, што целосно ќе ве маѓепса.

(4) tv-serija-holistichkata-detektivska-agencija-na-dirk-dzhentli-dirk-gentlys-holistic-detective-agency-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-holistichkata-detektivska-agencija-na-dirk-dzhentli-dirk-gentlys-holistic-detective-agency-www.kafepauza.mk

Па, доколку сакате да истражувате натприродни, необични и ужасни случаи што се навидум неповрзани, тогаш дајте ѝ шанса на оваа ТВ серија. Сигурни сме дека Дирк Џентли нема да ве разочара! Целата прва сезона е достапна на Нетфликс и на онлајн, така што ако решите да ја гледате, одвојте цел викенд за таа цел бидејќи нема да можете да престанете!

(6) tv-serija-holistichkata-detektivska-agencija-na-dirk-dzhentli-dirk-gentlys-holistic-detective-agency-www.kafepauza.mk (7) tv-serija-holistichkata-detektivska-agencija-na-dirk-dzhentli-dirk-gentlys-holistic-detective-agency-www.kafepauza.mk

 

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар