ТВ серија: Ен (Anne with an E)

ТВ серија: Ен (Anne with an E)

Авантурите на мало сираче што живеело во доцниот 19-ти век

(1) tv-serija-en-anne-with-an-e-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Амибет Мекнулти, Џералдин Џејмс, Р. Х Томсон

Жанр: драма

Креатор: Моира Воли-Бекет

Премиера: 12 мај 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 10/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 10,00 од 10)
Loading...

 

Оваа ТВ серија е инспирирана од книгата „Ен од Грин Гејблс“ (Anne of Green Gables), напишана од страна на писателката Луси Мод Монтгомери. Таа е позната по своите прекрасни дела што досега честопати биле адаптирани за телевизиски намени, па ако се сеќавате на популарната ТВ серија „Патот до Авонли“ (Road to Avonlea) од 90-тите години, тогаш веќе знаете што ве очекува во оваа прекрасна приказна.

(5) tv-serija-en-anne-with-an-e-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-en-anne-with-an-e-www.kafepauza.mk

Дејството е сместено во доцниот 19-ти век, во фиктивниот град Авонли, каде што едно мало сираче конечно ќе пронајде топол дом полн со љубов. Марила (Џералдин Џејмс) и Метју (Р. Х Томсон) се брат и сестра кои поради својата старост имаат потешкотии при одржувањето на нивите и домот, па затоа решаваат наместо постојано да плаќаат за помош, да посвојат машко дете што би му помагало на Метју во работата. Со оглед на тоа што порано немало директна комуникација, тие пуштиле „збор“ за посвојувањето и до сиропиталиштето стигнала погрешна информација дека тие бараат женско дете. На тој начин Ен (Амибет Мекнулти) сосема случајно ќе влезе во нивниот живот…

(6) tv-serija-en-anne-with-an-e-www.kafepauza.mk (4) tv-serija-en-anne-with-an-e-www.kafepauza.mk

Ликот на Ен е вистинско освежување на малите екрани, бидејќи таа едноставно зрачи со позитивна енергија. Уште во првиот момент кога ќе ја видите, ќе ви го освои срцето и ќе посакате да стане дел и од вашиот живот. Ен е карактеристична по брзото зборување, користењето големи зборови и имагинацијата без граници, како и по уживањето во секој момент. Таа ќе ве потсети дека понекогаш треба да застанете и да ја помирисате дивата ружа покрај патот, бидејќи не постои нешто попрекрасно што можете да го доживеете. Исто така ќе ве научи и дека без разлика колку тежок или темен ви изгледа животот во моментот, само вие можете да одлучите да го промените на подобро!

(7) tv-serija-en-anne-with-an-e-www.kafepauza.mk (2) tv-serija-en-anne-with-an-e-www.kafepauza.mk

Оваа драма е одлична за оние што сакаат да се одморат од секојдневниот модерен, брз живот и да се вратат во едно поедноставно време каде што ќе можат да уживаат под отворено небо. Ен ја разубавува секоја сцена, секој пејзаж и секој карактер во приказната, па погрижете се да си одвоите доволно време за гледање, бидејќи штом ја пуштите првата епизода, нема да можете да престанете да ја следите нејзината авантура до самиот крај на сезоната.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар