ТВ серија: Ѕвездена порта: Потекло (Stargate: Origins)

ТВ серија: Ѕвездена порта: Потекло (Stargate: Origins)

Што се случувало кога Ѕвездената порта за прв пат била откриена?

(1) tv-serija-dzvezdena-porta-poteklo-stargate-origins-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Ели Гал, Конор Тринер, Ајлам Оријан

Жанр: акција, авантура, фантазија

Премиера: 15 февруари 2018

Број на сезони: 1

Времетраење: 10 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (2 гласа, просек: 6,00 од 10)
Loading...

 

Ако сте љубители на Ѕвездените порти, тогаш имам одличен предлог за вас! Неодамна започна нова приказна што нè води назад во минатото кога Ѕвездената порта за прв пат била откриена. Иако ништо не може да се споредува со оригиналните три ТВ серии (нека бидат две, СГ-1 и Атлантис – на мене лично воопшто не ми се допадна Универзум), сепак можете да најдете задоволство и во оваа приказна, како и одговор на неколку прашања што на сите ни се вртеа во главите додека ги гледавме нашите омилени тимови како скокаа од една на друга планета. Ако сте нови во светот на Ѕвездената порта, тогаш можеби е подобро прво да ги изгледате постарите (Ѕвездена порта СГ-1, Ѕвездена порта Атлантида и Ѕвездена порта Универзум), а дури потоа да ја пуштите оваа за да можете да ја доживеете приказната во вистинско светло.

(2) tv-serija-dzvezdena-porta-poteklo-stargate-origins-www.kafepauza.mk

Концептот е малку поинаков од останатите ТВ серии, односно секоја епизода трае по 10-тина минути, а приказната се движи вртоглаво брзо. Сè почнува кога Кетрин Ленгфорд (Ели Гал), карактер што многу добро го знаеме од СГ-1 во постари години, и нејзиниот татко, професорот Пол Легфорд (Конор Тринер), нè запознаваат со главниот антагонист на серијата, д-р Вилелм Брук (Ајлам Оријан) – нацист што ја презема контролата на порталот и го отвора кон минатото. Неговата цел е да најде античко оружје во Египет што ќе му помогне на Хитлер во војната, а мисијата на Кетрин е да го сопре.

(3) tv-serija-dzvezdena-porta-poteklo-stargate-origins-www.kafepauza.mk

Главниот проблем со оваа ТВ серија е што актерите премногу вкочането ги одигруваат своите улоги, нешто што никогаш досега не сме го почувствувале во историјата на Ѕвездената порта. Од друга страна пак, на дијалозите им недостасуваат емоции, а истото може да се каже и за движењата на самите актери. Хуморот најчесто се користи во сосема несоодветни сцени – ако сте ги гледале СГ-1 и Атлантис, тогаш сигурно знаете дека хуморот во клучни моменти е нешто по што тие се најпознати, за разлика од овој пат, каде што за жал делува како да е расфрлан без никаков план.

(4) tv-serija-dzvezdena-porta-poteklo-stargate-origins-www.kafepauza.mk

Имајќи го сè ова на ум, тоа што се истакнува во оваа ТВ серија се ефектите, иако тие работеле со ограничен буџет. Познатиот прскот што наликува на океан кога портата ќе се отвори е навистина импресивен, и ни дава многу подобра замисла за тоа како би изгледало доколку и самите би стоеле таму кога тоа се случува или кога би патувале низ неа кон некоја друга планета. Дури и покрај тоа што е бледа копија на претходните серии, сепак вреди да се погледне, особено ако сте долгогодишни фанови на франшизата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар