ТВ серија: Драги белци (Dear White People)

На колеџ каде што претежно има белци, група од разновидни студенти се борат против расизмот и другите форми на дискриминација

(1) tv-serija-dragi-belci-dear-white-people-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Логан Браунинг, Брендон П. Бел, ДеРон Хортон

Жанр: комедија, драма

Креатор: Џастин Симиен

Премиера: 22 октомври 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 5.50 од 10)

Loading...Loading...

 

Станува збор за ТВ серија од режисерот Џастин Симиен, инспирирана од истоимениот филм од 2014 година. Приказната обработува теми што ретко можат да се сретнат на малите екрани, но без сомнение вреди да се погледне бидејќи можете многу да научите од неа. Во центарот на настаните се искуствата на младите црнци од елитен универзитет, кои секојдневно се борат за своите права, како во секојдневието така и во приватниот живот. Се обработуваат многу ситуации кои се клучен дел од животот на младите возрасни, и во нив можат да се пронајдат сите, дури и ако нивната кожа не е црна – секој минува низ тешкотии, и сите бараат начин како да преживеат и да продолжат натаму…

(3) tv-serija-dragi-belci-dear-white-people-www.kafepauza.mk

Дејството е сместено на Универзитетот Винчестер, фиктивна елитна образовна институција што се смета за водечка во својата област. Но секако не е сѐ измислено тука – има голема вистина во начинот на кој многу вистински училишта сѐ уште се базирани на предрасуди и расизам, истовремено суптилно и експлицитно напаѓајќи ги своите ученици и правејќи им го животот пекол. Токму тоа и се обидува оваа приказна да му го покаже на светот. Главниот лик, Сем (Логан Браунинг), која во себе носи гени од две раси, има голема страст за активизам што често ја воведува во неволја – но тоа е единствениот начин за нејзиниот глас да биде слушнат. Сепак таа не е единствената во приказната, бидејќи секој карактер си има своја клучна улога што ја прави приказната побогата и повредна за гледање.

Dear White People

Со оглед на тоа што епизодите траат по 30-тина минути, тоа е доволно време да ве опуштат, но и да ве замислат за важни животни прашања. Оваа ТВ серија ќе ве натера да размислувате како сте се однесувале во дадени ситуации, дали тоа било погрешно и како би можеле да се подобрите за да го направите светот побезбедно место за сите, без разлика на бојата на кожата.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар