ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)

ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)

ТВ серија за изборот, должноста и за животот помеѓу два сосема различни света – медицината и мафијата

ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)Главни улоги: Џордана Спиро, Жељко Иванек, Вилијам Форсајт

Жанр: криминалистика, драма

Креатори: Џош Берман, Роб Рајт

Премиера: 16 септември 2012

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 6,14 од 10)
Loading...

Кога го видовте насловот сигурно си помисливте „ах, уште една медицинска драма“. Се согласуваме дека веќе има премногу вакви ТВ серии кои горе-долу ја обработуваат истата тематика, но во овој случај станува збор за нешто сосема поразлично. Во „Докторот на мафијата“ има целосно испреплетување на доброто и злото, лагата и вистината, стравот и сигурноста… како и сосема нов поглед во животот на оние кои поседуваат целосна моќ да спасуваат или пак, да убиваат.ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)Грејс (Џордана Спиро) стажира во една болница во Чикаго каде што е една од најдобрите млади хирурзи. Но, тоа што никој не го знае за неа е дека таа живее на работ помеѓу два света. По сплет на околности таа станува должник на мафијата и мора да биде достапна за нив исто толку колку што е достапна и за болницата во која работи. Од друга страна, и покрај сè, таа себеси се обврзува да ја почитува заклетвата која ја направила кога станала доктор и токму поради тоа мора постојано да одржува рамнотежа помеѓу нејзините обврски, што и не секогаш е многу едноставна работа.ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)Досега се излезени само две епизоди кои не ни откриваат многу за животот на ликовите, но досегашните критики велат дека оваа ТВ серија има потенцијал да го достигне успехот како и останатите популарни медицински драми. Во некои постапки ликот на Грејс малку наликува и на д-р Хаус, но сепак таа е сосема различна од типичната „докторка“ која можете да ја видите на малите екрани. Ако го обожавате овој жанр, дајте ù шанса барем на првата епизода. Поради мистеријата која ја крие буквално секој лик, нема да можете да одолеете да продолжите редовно да ја следите…ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)ТВ серија: Докторот на мафијата (The mob doctor)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. katerina Reply

    Znaci Grace, mnogu slicno so Grey pa duri i cover-ot e ist…

Напиши одговор на katerina Откажи одговор