ТВ серија: Доказ (Proof)

ТВ серија: Доказ (Proof)

Брилијантен хирург се обидува да најде доказ дека постои живот по смртта

(1) ТВ серија: Доказ (Proof)Главни улоги: Џенифер Биалс, Дејвид Сатклиф, Еди Гадеџи, Метју Модин, Ени Турман

Жанр: драма

Креатор: Роб Брагин

Премиера: 16 јуни 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 8,25 од 10)
Loading...

По смртта на својот син, разводот и оддалечувањето од својата ќерка, некој би рекол дека д-р Керолин Тајлер (Џенифер Биалс) не би била способна да продолжи со својата кариера како хирург. Но, наместо да се откаже од последната добра работа која во моментов ја одржува во живот, како што најчесто луѓето кои преживеале траума прават, таа решила целосно да се посвети на неа. Токму затоа и не изненадува фактот што Ајван Туринг (Метју Модин), инвентор и милијардер кој боледува од рак, токму неа ќе ја избере за своето истражување дали навистина постои живот по смртта.

(2) ТВ серија: Доказ (Proof)

На почетокот таа ќе дава отпор, велејќи дека не верува во духови ниту пак дека постои начин на кој може да се докаже нивното (не)постоење. Но, способноста за убедување на Ајван ќе надвладее и таа ќе почне да соработува со него. Заедно со својот стажант, Зед (Еди Гадеџи) и асистентката на Ајван, Софи (Ени Турман) тие чекор по чекор ќе почнат да ги истражуваат сите случаи кои пријавиле каков било натприроден феномен кој не може да биде објаснет со помош на науката. И покрај тоа што некои од нив делуваат навистина неверојатно, тие брзо ќе почнат да откриваат дека можеби сепак има нешто повеќе одошто мислиме…

(3) ТВ серија: Доказ (Proof)

Дејствата веднаш нè впуштаат во приказната и сите настани брзо се развиваат, па токму затоа и во ниту еден момент нема да ви биде здодевно додека ја гледате оваа ТВ серија. Со секој нов случај тие налетуваат на нови прашања кои на некој начин истовремено и ги оддалечуваат и ги доближуваат до одговорот на едно од најстарите прашања: „Дали постои живот по смртта?“ Останува само на времето да дознаеме дали тие ќе најдат вистински доказ…

(4) ТВ серија: Доказ (Proof)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар