ТВ серија: Договор (The Arrangement)

ТВ серија: Договор (The Arrangement)

Актерката Меган Морисон добива понуда за договорен брак со вредност од 10 милиони долари со најголемата холивудска ѕвезда

(0) ТВ серија: Договор (The Arrangement)Главни улоги: Кристин Евангелиста, Џош Хендерсон, Мајкл Вартан, Лекса Доиг

Жанр: трилер

Креатор: Џонатан Абрахамс

Премиера: 5 март 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 9,25 од 10)
Loading...

Станува збор за ТВ серија што на прв поглед изгледа фиктивно, но ако внимателно ја загледате приказната, едноставно нема да можете да не забележите одредени настани од животот на Том Круз и Кејти Холмс, како и нивната поврзаност со скиентологијата. Иако не можеме да знаеме со сигурност дали тие се инспирацијата зад оваа приказна, бидејќи никој досега јавно не потврдил или одрекол, сепак случајностите се толку чести, што едноставно не може да станува збор за обични коинциденции. Дали ќе верувате во ова или не, останува на вас, а што се однесува до квалитетот на самата серија – без сомнение заслужува да ѝ се даде шанса!

ТВ серија: Договор (The Arrangement)

На почетокот ја запознаваме Меган Морисон (Кристин Евангелиста), холивудска актерка која едвај сврзува крај со крај. Таа работи како келнерка, постојано брза да стигне на аудиции, има момче музичар (за кој дознава дека бил неверен и му раскинува) и лудо се забавува со пријателките. Од друга страна го имаме и Кајл Вест (Џош Хендерсон), еден од најпознатите актери и најбараните ергени во Холивуд. Тој е решен да си најде сопруга, па затоа и им дозволува на неговите спиритуални пријатели да му помогнат во изборот така што организираат еден вид аудиција, каде што млади, однапред избрани актерки, не знаат дека се борат за една сосема различна улога.

ТВ серија: Договор (The Arrangement)

За разлика од другите девојки, кои му изгледаат неприродно, Меган уште од првиот момент ќе му остави огромен впечаток на Кајл и тие ќе поминат еден забавен ден заедно, завршувајќи вечерта во кревет. Следниот ден, таа на работа ќе добие интересно писмо од него во кое се наоѓа понуда за договорен брак со цена од 10 милиони долари. Сите услови се опфатени, од нивното состанување и понудата за брак, до можноста за деца и развод. Меган на почетокот е ужасната и од самата помисла за договорен брак, но потоа ќе почне да ја согледува работата од малку поинаков агол… Што ќе се случи понатаму, останува да видите сами!

ТВ серија: Договор (The Arrangement)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. renata Reply

    Kade moze da se gleda serijava so prevod?

    • Моника Трајковска Reply

      За жал кај нас не ја емитуваат, но бидејќи е создадена од каналот Е! можеби ќе имаме можност понатаму да ја гледаме таму. Сега за сега лесно се наоѓа онлајн, а за превод, бидејќи има само неколку епизоди, македонскиот уште не е достапен, но би требало набрзо да го додадат и него како можност за симнување (ова обично се случува кога серијата ќе добие малку поголема популарност или кога ќе излезат повеќе епизоди, а со тоа и повеќе ќе се расчуе за неа).

Остави коментар