ТВ серија: Диета од Санта Кларита (Santa Clarita Diet)

ТВ серија: Диета од Санта Кларита (Santa Clarita Diet)

Животот на Шила и Џоел, брачен пар од Санта Кларита, Калифорнија, целосно ќе се промени откако Шила ќе се претвори во нежив канибал!

(1) ТВ серија: Диетата на Санта Кларита (Santa Clarita Diet)Главни улоги: Дру Баримор, Тимоти Олифант, Лив Хјусон

Жанр: комедија, хорор

Креатор: Виктор Фреско

Премиера: 3 февруари 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 30 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 7,60 од 10)
Loading...

Пред сè, мораме да ве предупредиме дека станува збор за специфична ТВ серија што на мнозинството нема да им се допадне. Оваа приказна е наменета само за одреден вид публика – за оние што немаат ништо против да гледаат ужасни сцени, исполнети со многу повраќање, крв и канибализам, претставени на хумористична сцена. Со неколку зборови – Декстер, но во комична и апсурдна верзија. Па, ако сметате дека не се пронаоѓате во овој опис, тогаш подобро одберете друга рецензија. Но, ако тоа што го прочитавте досега ви е интересно и ве натера да посакате да дознаете нешто повеќе за оваа ТВ серија, тогаш продолжете со читање.

(2) ТВ серија: Диетата на Санта Кларита (Santa Clarita Diet) (3) ТВ серија: Диетата на Санта Кларита (Santa Clarita Diet)

Станува збор за едно типично американско семејство што живее во предградие – брачниот пар, Шила (Дру Баримор) и Џоел (Тимоти Олифант), и нивната ќерка Аби (Лив Хјусон). По сплет на околности, навидум нејасни, нивниот живот целосно ќе се промени откако Шила ќе се претвори во нежив канибал. Оттука приказната се фокусира на нивната потрага да најдат непрекинат извор на храна (човечко месо) за Шила, додека истовремено бараат и лек за нејзината „здравствена состојба“. Како што веќе спомнавме, оваа ТВ серија се движи од една крајност во друга и суптилноста дефинитивно не ѝ е силна страна. Но, токму претерувањето и преувеличувањето на настаните е тоа што ја прави оваа приказна поинаква и привлечна за љубителите на жанрот.

(4) ТВ серија: Диетата на Санта Кларита (Santa Clarita Diet) (5) ТВ серија: Диетата на Санта Кларита (Santa Clarita Diet)

Можеби ќе си кажете „Ех, уште една зомби серија. Зарем не можат да смислат нешто ново?“ Но, колку што оваа серија е градена на позната основа, толку е и уникатна во однос на развивањето на текот на настаните. Веќе знаете дека Дру Баримор е брилијантна актерка, па можете да бидете сигурни дека што се однесува до перформансот, нема да бидете разочарани. А, ако вашето срце и душа ви дозволува да можете да поднесете ваква содржина, тогаш ќе бидете презадоволни и од самата приказна.

(6) ТВ серија: Диетата на Санта Кларита (Santa Clarita Diet) (7) ТВ серија: Диетата на Санта Кларита (Santa Clarita Diet)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар