ТВ серија: Црна кутија (Black Box)

ТВ серија: Црна кутија (Black Box)

ТВ серија за ултрауспешна жена невролог, која во себе чува огромна тајна

1-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mkГлавни улоги: Кели Рајли, Дич Дејви, Дејвид Аџала

Жанр: драма

Креатор: Ејми Холден Џоунс

Премиера: 24 април 2013

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (12 гласа, просек: 8,67 од 10)
Loading...

Кетрин Блек (Кели Рајли) е познат невролог и научник која работи во центар за невролошки испитувања и лекување. Таа постојано решава тешки случаи спасувајќи ги нејзините пациенти и е вистинска ѕвезда помеѓу нејзините колеги. Во приватниот живот, креветот го дели со прекрасен маж кој работи како главен готвач во нов ресторан. Вил (Дејвид Аџала) е тотално заљубен во неа и по само една година врска, ќе ја побара за жена. Навидум, харизматичната, енергична, успешна и популарна докторка има сѐ што би можело да се посака, но тоа е така додека слој по слој не почнеме да ги откриваме нејзините тајни.

2-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mk

Таа има биполарно нарушување, кое го контролира благодарение на препишаната терапија, но понекогаш сака да ги прескокне лекарствата за да го ослободи умот и да дозволи да биде она што е, тогаш кога не е секојдневната Кетрин Блек. Тогаш станува исклучително сексуална, доживува музички халуцинации и едноставно не може да ги контролира своите постапки. Токму затоа, се плаши да ја сподели оваа тајна со Вил, бидејќи стравува дека и тој ќе ја напушти како сите мажи претходно во нејзиниот живот.

3-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mk

Но, тоа не е единствената тајна која ја крие од Вил, на работа и пред сите околу себе. Единствено, нејзината психијатарка д-р Хелен Хартрамф (Ванеса Редгрејв) ја знае целата вистина за нејзиниот живот. Затоа Кетрин редовно ја посетува секоја недела и од неа добива соодветни насоки кои ѝ помагаат да ги носи вистинските одлуки во животот.

4-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mk

Животот на Кетрин не е комплициран само заради нејзиниот однос со Вил и фактот дека никој на работа не смее да дознае за нејзината состојба, што би значело дека веднаш ќе ја изгуби. Таа има интензивен, но сепак необичен однос со семејството на нејзиниот брат Џошуа – неговата жена Реган и нивната ќерка Езме. Секако, постои причина за таквиот однос.

5-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mk 6-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mk 7-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mk

На работа, денот ѝ го прави интересен и шармантниот и секси неврохирург Ијан Бикман (Дич Дејви), кој со својата самоувереност и наклонетост кон жените, не ја остава рамнодушна ниту Ктерин, ниту пак ќе ве остави вам.

KELLY REILLY 9-tv-serija-crna-kutija-black-box-kafepauza.mk

Случаите кои Кетрин и нејзините колеги ги решаваат се приказна за себе. Тие се специфични, необични, претходно не сме ги виделе на ТВ екраните. И покрај тоа што животот на Кетрин во најголем дел се врти околу нејзината работа, случаите во клиниката не се во центарот на вниманието. Постои некој многу добар баланс помеѓу она што го гледаме таму и она што ѝ се случува на Кетрин кога е сама, кога е околу нејзините најблиски, или пак во друштво на тотални туѓинци.

Ако сакате серии со доктори, оваа ќе ви се допадне. Но, и ако не сакате вакви серии, Црната кутија, што е израз кој докторите го користат за мозокот, сепак може да ви се допадне, доколку сте љубители на мистериите, абнормалното и психолошките феномени.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар