ТВ серија: Бранители (The Defenders)

Дердевил, Џесика Џоунс, Лук Кејџ и Ајрон фист се здружуваат за да се изборат против најголемата закана за Њујорк досега!

(1) tv-serija-braniteli-the-defenders-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Чарли Кокс, Кристен Ритер, Мајк Колтер, Фин Џоунс

Жанр: акција, авантура, криминал

Креатор: Даглас Питри, Марко Рамирез

Премиера: 18 август 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 9.80 од 10)

Loading...Loading...

 

Ако ги следите ТВ сериите на Марвел, тогаш веќе добро ги познавате главните ликови на Бранителите на Њујорк – Дердевил, Џесика Џоунс, Лук Кејџ и Ајрон фист. Но ако сè уште не сте почнале да ги гледате, тогаш ви препорачуваме да стартувате со нив пред да ја пуштите оваа ТВ серија бидејќи приказната е многу поврзана и испреплетена, па без никаква основа, уште во првите неколку минути целосно би се изгубиле. Исто така, важно е да ги запознаете и споредните ликови во нивните самостојни серии, кои иако тука немаат голема улога, сепак односите со нив се клучни за подобро да ги разберете одлуките и однесувањата на нашите херои.

(2) tv-serija-braniteli-the-defenders-www.kafepauza.mk (3) tv-serija-braniteli-the-defenders-www.kafepauza.mk

Веќе сте ги изгледале сите епизоди од нив? Тогаш ве очекува одлична забава! Оваа мини ТВ серија од само 8 епизоди може да се изгледа за 1 ден, што ја прави уште помоќна бидејќи целосно ќе се внесете во приказната и ќе заборавите на тоа што ви се случува во вашиот живот. Поради тоа и ви препорачувам да ја пуштите првата епизода за време на викенд или пак, кога ќе имате слободен ден, бидејќи штом почнете да ја гледате, едноставно нема да можете да прекинете до самиот крај. Дејството се одвива брзо, динамично и го следи добро познатиот стил на раскажување на Марвел – многу акција, богата приказна и совршена доза хумор.

(4) tv-serija-braniteli-the-defenders-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-braniteli-the-defenders-www.kafepauza.mk

Што се однесува до тематиката – единственото нешто што ќе ви го откријам е дека борбата за Њујорк ќе почне! Античката организација „The Hand“ ќе пристигне до крајната цел, а ние конечно ќе ги запознаеме сите „прсти“ на раката, односно 5-те водачи кои се можеби едни од најзлобните негативци што некогаш сте ги виделе на малите екрани. Нашите сакани херои ќе мора да најдат начин да ги надминат своите разлики и да работат заедно за да се соочат со оваа ужасна закана и да го одбранат љубениот град од нивните канџи. Тие исто така ќе мора и да откријат многу тешки тајни за да си ја придобијат довербата и рамноправно да се борат рамо до рамо.

(6) tv-serija-braniteli-the-defenders-www.kafepauza.mk (7) tv-serija-braniteli-the-defenders-www.kafepauza.mk

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар