ТВ серија: Бекстром (Backstrom)

ТВ серија: Бекстром (Backstrom)

Тој можеби е мизантроп, но тоа воопшто не го спречува брилијантно да ги решава убиствата

ТВ серија: Бекстром (Backstrom)Главни улоги: Пејџ Кенеди, Реин Вилсон, Беатрис Роузен

Жанр: комедија, криминал, драма

Креатор: Харт Хансон

Премиера: 22 јануари 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 44 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 6,75 од 10)
Loading...

Бекстром (Реин Вилсон) е брилијантен детектив кој има исклучителни способности за дедукција. Но, колку што е добар во својата работа, толку е лош во својот живот. Тој се однесува деструктивно кон себе, но и кон оние околу него. Накратко, тој е мизантроп чија единствена цел во животот е да се бори против криминалот.

ТВ серија: Бекстром (Backstrom)

Приказната започнува со неговата посета на доктор кој му вели дека доколку продолжи со овој нездрав начин на живеење, тој може да умре за 1 година. Но, не само тоа, неговото лошо здравје може да придонесе и тој да ја загуби работата – што во моментов изгледа му е поважно од фактот дека може да го загуби и својот живот. Токму затоа докторот му препорачува да престане со пиење, да се исхранува подобро и да најде време за одмор. Ова се 3 нешта кои Бекстром едноставно не може да се замисли да ги прави. Но, со цел да ја задржи својата работа, ќе се обиде.

ТВ серија: Бекстром (Backstrom) ТВ серија: Бекстром (Backstrom)

Покрај екстремно лошото мислење за себе, тој на прв поглед изгледа и дека го гледа само лошото и во луѓето околу него. Но, доколку подобро обрнете внимание ќе откриете дека тој има способност да ги види сите страни во еден човек. Токму оваа способност му овозможува да се стави во умот на осомничените и жртвите, а со тоа и да ги открие тајните кои водат кон решавање на самиот случај.

ТВ серија: Бекстром (Backstrom) ТВ серија: Бекстром (Backstrom)

Режисерот Харт Хансон кој е познат по својата работа во ТВ серијата „Коски“ повторно го покажува својот талент и со оваа нова приказна. Реин Вилсон исто така одлично ја одигрува улогата на Бекстром и го покажува овој човек во најлошото светло кое би можеле да го замислите. Приказната е интересна и возбудлива, па доколку сте љубители на криминални ТВ серии и детективи кои на необичен начин откриваат убиства, тогаш со сигурност ќе ви се допадне и „Бекстром“.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар