ТВ серија: Американски богови (American Gods)

Епска битка помеѓу старите и новите богови што живеат на планетата Земја

(1) tv-serija-amerikanski-bogovi-american-gods-www.kafepauza.mkГлавни улоги: Рики Витл, Емили Браунинг, Брус Ленгли

Жанр: фантазија, мистерија

Креатор: Џастин Симиен

Премиера: 30 април 2017

Број на сезони: 1

Времетраење: 60 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 7.00 од 10)

Loading...Loading...

 

Без разлика дали сте ја читале книгата „Американски богови“ од Нил Геиман или не, нејзината ТВ адаптација е совршена за вас доколку барате нова серија за обожување. Со мало пребарување на Гугл ќе откриете дека критичарите ја обожаваат оваа приказна, додека пак, гледачите се пријатно изненадени од освежувањето по цела декада гледање научно фантастични акции со суперхерои. Во главната улога се наоѓа ликот Шедоу Мун (Рики Витл), маж кој е ослободен од затвор неколку денови порано поради смртта на неговата сопруга и од тој момент натаму целиот свет му се превртува наопаку. Можеби според ова што го прочитавте досега ви делува како сосема обична и досадна приказна, но верувајте тоа е далеку од вистината!

(3) tv-serija-amerikanski-bogovi-american-gods-www.kafepauza.mk (4) tv-serija-amerikanski-bogovi-american-gods-www.kafepauza.mk

Мун ќе се најде на средината на војна помеѓу стари и нови богови од епски пропорции. Да, вистински богови – не оние што често ги среќаваме во метафорична смисла, туку оние со неверојатни моќи и способности што живеат на планетата Земја меѓу обичните смртници. Изгледа дека неговиот единствен пријател ќе биде господинот што се нарекува Среда, односно „Wednesday“ (Ијан Мекшејн), иако делува како тој да знае многу повеќе за минатото на Мун од самиот тој. Ве заинтересиравме? Имам само едно мало предупредување – првата епизода делува пренатрупано и малку чудно, со сцени што можат на момент да ве згрозат, но сепак ни дава добар вовед во понатамошното развивање на приказната што со секоја наредна епизода се подобрува. Тоа значи дека ако го издржите првиот час од раскажувањето, понатаму сè повеќе ќе уживате и ќе се фасцинирате од тоа што ќе се случува.

(2) tv-serija-amerikanski-bogovi-american-gods-www.kafepauza.mk (5) tv-serija-amerikanski-bogovi-american-gods-www.kafepauza.mk

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар