ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)

ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)

ТВ серија за тајна организација која ги штити обичните од исклучителните

ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)Главни улоги: Кларк Грег, Минг-На Венг, Брет Далтон, Клои Бенет, Ијан Дикастикер, Елизабет Хенстриџ

Жанр: акција, драма, научна фантастика

Креатори: Мариса Танчероен, Џед Видон, Џош Видон

Премиера: 24 септември 2013

Број на сезони: 1

Времетраење: 45 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (10 гласа, просек: 8,80 од 10)
Loading...

Доколку сте фан на „Марвел“ тогаш оваа ТВ серија несомнено ќе ви стане една од најомилените. Станува збор за тим од агенти предводени од Фил Коулсон, додека пак дејството на приказната започнува неколку месеци по нападот на Њујорк кој се случи во филмот „Одмаздниците“.

ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)

После битката во Њујорк светот е целосно променет. Луѓето веќе со сигурност можат да потврдат дека не се сами во универзумот и дека постојат реални надворешни закани за опстанокот на човештвото. Токму поради тоа агентот Фил Коулсон (Кларк Грег) формира тим од извонредни агенти со цел да се борат против сите оние нешта кои не секогаш можат разумно да се објаснат. Во еден свет кој брзо станува се побизарен и поопасен, агентите од S.H.I.E.L.D (Strategic Homeland Intervention, Enforcement and Logistics Division) се подготвени да го дадат и својот живот за општото добро на луѓето.

ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D) ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)

Една од освежителните новости во оваа ТВ серија е тоа што овој тим нема типично работно место. Нивната, па ајде да ја наречеме канцеларија, се наоѓа во огромен авион и тие постојано патуваат низ светот барајќи аномалии, вонземска технологија и суперлуѓе. И покрај тоа што поголемиот дел од нив не се познавале претходно, тие многу брзо ќе се зближат и ќе прават сè што е во нивната моќ да се заштитуваат од сите оние опасности кои доколку паднат во погрешни раце можат да значат крај за човештвото какво што го познаваме.

ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D) ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)

Како и во секоја друга одлична ТВ серија, покрај случаите кои се обработуваат во текот на епизодите, паралелно се откриваат и делови од личните приказни на агентите. Кои се тие, како стигнале до тука и зошто одлучиле да ја одберат токму оваа работа во која секојдневно го ризикуваат својот живот. Да не заборавиме да го споменеме и Коулсон кој сите ние видовме како почина во „Одмаздниците“. Што се случи со него? Како е можно да е жив? Уште на почетокот брзо ќе ви стане јасно дека сите кријат нешто од него, но веруваме дека ќе поминат уште многу епизоди додека да дознаеме за што точно станува збор.

ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D) ТВ серија: Агентите од S.H.I.E.L.D (Agents of S.H.I.E.L.D)

„Agents of S.H.I.E.L.D“ е исполнета со многу акција, драма и совршена доза хумор поради што нема ни да сетите кога поминало времето. Секоја епизода ќе ја гледате во еден здив, а невозможните ситуации низ кои поминуваат агентите ќе го одржуваат вашиот фокус до самиот крај. Сè на сè, одлична ТВ серија која навистина вреди да стане дел од вашето слободно време.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар