ТВ серија: 3% (3%)

Само 3% од секоја генерација 20-годишни момци и девојки имаат шанса да преминат на „подобрата страна“ за живеење

(1) ТВ серија: 3% (3%)Главни улоги: Жуао Мигел, Бјанка Компарато, Мишел Гомез

Жанр: акција, драма, научна фантастика

Креатор: Педро Агилера

Премиера: 25 ноември 2016

Број на сезони: 1

Времетраење: 50 минути

Јазик: португалски

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (5 гласа, просек: 9.80 од 10)

Loading...Loading...

Станува збор за свет кој е поделен на два дела – во две крајности. На една страна се оние што живеат во сиромаштија и беда, без никаква шанса за напредок во животот. Свет полн со криминал и секојдневна борба за живот. Но, на другата страна се оние што биле доволно среќни и интелигентни да го поминат процесот за тестирање и со тоа да си овозможат живот во луксуз и сигурност, како и шанса да станат нешто повеќе.

(1) ТВ серија: 3% (3%)

Приказната започнува со претставување на новата генерација кандидати. Сите тие имаат точно 20 години и се надеваат дека ќе успеат да ги поминат интензивните тестирања на нивната интелигенција, издржливост и други барани карактеристики потребни за премин на другата страна. Но, само 3% од нив ќе успеат! Конкуренцијата е силна и елиминациите почнуваат скоро инстантно, создавајќи тензија меѓу оние што живееле за постигнувањето на оваа цел.

(2) ТВ серија: 3% (3%)

Тоа што се издвојува кај оваа ТВ серија се самите тестови низ кои поминуваат кандидатите. Тие се генијално создадени така што ги мерат токму оние карактеристики што се бараат, без притоа истите да ги откријат. Кандидатите добиваат само основни инструкции, а потоа се оставени сами на себе да се адаптираат и снаоѓаат во ситуации што никогаш досега не ги искусиле. Тие конечно ќе дознаат кои се навистина, во сржта на нивната душа.

(3) ТВ серија: 3% (3%)

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар