ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)

ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)

ТВ серија за човекот од иднината кој ќе се врати во сегашноста со цел да ја спречи чумата која го нападнала човештвото

ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)Главни улоги: Арон Стенфорд, Аманда Шул, Ноа Бин

Жанр: авантура, драма, мистерија

Креатори: Тери Маталас, Тревис Фикет

Премиера: 16 јануари 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 9/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (4 гласа, просек: 8,50 од 10)
Loading...

Кој може да го заборави легендарниот филм „12 мајмуни“ со Брус Вилис, Меделин Стоу и Бред Пит? Доколку ви се допаѓа приказната во филмот, тогаш со сигурност ќе бидете пресреќни кога ќе дознаете дека таа доби своја ТВ верзија. Овој пат улогата на Кол му припаѓа на Арон Стенфорд кој без сомнение добро се снаоѓа и покрај високите стандарди кои ги има поставено Брус Вилис. Секако, оваа верзија на 12-те мајмуни има промени и уникатни моменти кои ја разликуваат од филмот, но тоа не значи дека таа не е добра за вашето слободно време.

ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)

Приказната започнува со младата и успешна докторка Рејли (Аманда Шул) која држи говор во 2013 година. Таа на враќање кон дома, во својот автомобил ќе биде пресретната од страна на мистериозен човек, Кол, кој ќе тврди дека е од иднината. Тој од неа ќе побара да му ја открие локацијата на Лиланд Фрост, човек кој таа во моментот тврди дека не го познава. По сплет на околности, Кол ќе исчезне, а Рејли ќе остане сама, опколена со многу полицајци и без логично објаснување за она што се случи.

ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys) ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)

По овој настан, приказната нè води две години подоцна, во 2015 година, кога Рејли повторно ќе се сретне со Кол, но сè уште нема да го познава човекот кој тој го бараше од неа. Со нивната средба откриваме и дека таа ја изгубила својата лиценца, бидејќи сите веруваат дека е луда. Впрочем, која образована личност би поверувала дека човек од иднината ја киднапирал и барал информации од неа кои би спречиле огромна чума во иднината?

ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys) ТВ серија: 12 мајмуни (12 Monkeys)

Оваа приказна навистина има потенцијал да ги освои малите екрани, но оставаме на времето да ни покаже дали креаторите добро ќе ја обработат и ќе ни ја овозможат потребната свежина со нови ликови и настани кои ќе ја издвојат од добро познатиот филм. Во секој случај, топло ви ја препорачуваме. Досега се излезени само неколку епизоди, кои лесно можат да се изгледаат и за само неколку часа.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар