ТВ серии што ги разочараа фановите со последните сезони и завршните епизоди - Part 3

ТВ серии што ги разочараа фановите со последните сезони и завршните епизоди

11. Грешки (Misfits)

(11)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mk

Кога станува збор за британските серии, Грешки е навистина потценета. Ова е научно фантастична тинејџерска драма полна со мрачен хумор. Главните ликови се погодени од гром и како резултат секој од нив си има некоја супермоќ. Па што може да тргне на лошо? Актерите еден по еден почнаа да ја напуштаат серијата. Последната сезона само се повторуваше и не успеа да ја задржи публиката.

12. Девојките Гилмор (Gilmore Girls)

(12)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mk

Секој кој ја гледал оваа серија успеал да се пронајде во некој лик и да ужива во останатите ексцентрични ликови. Седмата и последна сезона многумина ја сметаат за најлоша бидејќи речиси ги уништи сите ликови, но тоа се случи бидејќи писателката на претходите сезони не беше дел од неа. За среќа обновувањето на оваа приказна успеа да ја освежи и да ја врати старата славата, како и да ни даде завршеток со којшто сите беа задоволни.

13. Луди мажи (Mad Men)

(13)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mk

Кога серијата прв пат се емитуваше, публиката беше фасцинирана. Гламурозниот свет на рекламите во 1960-тите го привлече вниманието на многумина. Дон Дрејпер е водичот низ овој период и преку неговите очи ги видовме сите добри и лоши работи. Но, кон крајот, работите тргнаа во лоша насока. Изгледа дека на креаторите им стана здодевно, па квалитетот на серијата значително се намали.

14. Лига (The League)

(14)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mk

Оваа серија има чуден концепт. Кој би гледал серија за неколку момци кои играат измислен фудбал? Изгледа многумина. Серијата привлече бројна публика која уживаше во апсурдниот хумор и чудните ликови. Но, идејата го достигна врвот. После неколку сезони останаа малку работи кои не беа објаснети и приказната почна да навлегува во чудни води. Заплетите почнаа малку да се базираат на оригиналното дејство и после 7 сезони беше откажана.

15. Гли (Glee)

(15)serii-koi-gi-razocharaa-fanovite-so-poslednite-sezoni-kafepauza.mk

Оваа музичка драма беше вистински хит. Но постојаната промена на ликовите и смртта на главниот актер во реалноста ги уништија последните сезони. Иако некои од овие работи не можат да се контролираат, креаторите решија дека е време да се стави крај.

Погледнете и кои се најдолгите серии на сите времиња.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар