Топ 7 документарни филмови кои мора да ги погледнете

Автор: Ана Петровиќ

Повторно сурфавме, баравме, проверувавме и прегледувавме. И, се разбира ги одбравме, само за вас, најдобрите документарни филмови кои морате да ги погледнете. Барем еднаш! Од спортски документарци, преку филмови за планетата на која живееме, па сè до приказна за обична шолја кафе – ви ги претставуваме топ 7-те документарци, одобрени од Редит-заедницата. Дел од нив, овде можете да ги изгледате во целост.

top-7-dokumentarni-filmovi-koi-mora-da-gi-poglednete-kafepauza.mk

1. Сена (Senna)

Сена е британски документарец од 2010 година чија акција одлично го опишува животот и смртта на истоимениот бразилски возач и повеќекратен шампион во Формула 1. Фокусот е ставен на неговата кариера како професионален возач, од неговата прва трка во 1984 година до страшната несреќа и прераната смрт десет години подоцна, во Сан Марино. Филмот е во режија на Асиф Кападија и продукција на Universal Pictures.

2. Планетата Земја (Planet Earth)

Документарно ремек-дело во 11 дела на BBC кое премиерно е прикажано во 2006 година и важи за еден од најскапите документарци снимени на оваа тематика. Снимањето траеше пет години и е потполно снимен во тогаш уште, новата и неистражена HD технологија. Наратор? Сер Дејвид Атенбороу, се разбира.

3. Нејаснотиите во војната (The Fog of War)

Американски документарец од 2003 година за животот и кариерата на поранешниот министер за одбрана Роберт С. Мекнамара и неговиот поглед кон модерното војување. Режиран од страна на Ерол Морис, „Нејаснотиите во војната“ е прикажан на престижниот Филмски фестивал во Кан. Насловот се однесува на воениот израз „fog of war“ кој ја опишува тежината на донесување клучни одлуки во време на војна. Филм кој мора да се погледне, а за тоа сведочи и освоениот Оскар за најдобар документарен филм во 2003 година.

4. Мрачни денови (Dark Days)

Британскиот режисер Марк Сингер е „виновникот“ за одличниот документарен филм за мала група луѓе кои живеат во напуштен дел од њујоршката подземна железница. Откако живее со нив цели три месеци, Сингер е инспириран да го сними „Мрачни денови“ сè со цел да собере донации за да им помогне. Ваквата идеја ја добива откако се доселува во Њујорк и останува запрепастен колку бездомници живеат во тој град.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар