Тоа е еден вид смешна приказна (It’s Kind of a Funny Story)

Филм за тинејџерскиот притисок и за „сечењето вени“ поради лошите оценки, девојките, пријателите… и за моментот кога ќе запреш и ќе се завртиш околу себе. Некој тука можеби се бори за „малку од малку“ нормален живот.

Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Режија: Ана Боден, Рајан Флек

Улоги: Кеир Гилкрист, Зак Галифианакис и Ема Робертс

Времетраење: 101 минута

Јазик: англиски

Жанр: комедија, драма

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (61 гласа, просек: 9.03 од 10)

Loading...Loading...
————————————————————————————————————————————————
Средношколец си и твоите родители не ти купуваат патики какви што сакаш па мислиш дека секој пат кога се шеташ со старите чевли целото училиште ти се смее. Ти се допаѓа девојка или момче, но си добил „корпа“ и ти се чини како да си ја загубил љубовта на твојот живот додека повторно сите наоколу ти се смеат и те покажуваат со прст поради неуспехот. Кога си тинејџер во натпреварувачка атмосфера секој добиен „кец“ те вади од памет и те прави да мислиш дека нема да се запишеш на факултетот што го сакаш. Ако после пет-десет години се „свртиш“ на ситуациите од ваков тип, едноставно не можеш, а да не се изнасмееш. Сепак, во моментот кога ги преживуваш тие тинејџерски болки, никој не смее да ти каже дека си нерационален, дека претеруваш, дека мора да научиш да се избориш со притисокот. Вистината е дека тоа треба да го сфатиш сам. До сознанието дека не вреди да се кинат нерви за такви работи, најчесто доаѓаш заедно со годините. Но, понекогаш патот може да биде, благо кажано, необичен како оној во „Тоа е еден вид смешна приказна“.
————————————————————————————————————————————————

Приказна: Крег (Кеир Гилкрист) е тинејџер кој има сосема нормално семејство – во ред можеби една нерегуларност е што татко му е „воркохолик“, но во животот и не може сé да е совршено. Тој учи во елитно училиште, треба да аплицира на престижно летно училиште и е вљубен во девојката на својот најдобар пријател. Сиот тој притисок и страв од иднината почнува да го подбутнува Крег кон работ, па тој почнува да се соочува со суицидни мисли. Затоа решава да се пријави самиот себеси во ментална болница. Уште истиот момент кога влегува гледа дека тоа не е местото за него, но сега е доцна. Тука треба да биде минимум пет дена пред  да се направи првичната проценка дали може да си оди. Така започнува патешествието.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Крег се сретнува со средовечниот Боби (Зак Галифианакис) кој е хоспитализиран затоа што неколкупати се обидел да се самоубие. Тука е и младата девојка Ноел (Ема Робертс) која пак се сече по телото. Сепак, тие не се некои опасни откачени ликови од кои треба да се плашиш. Секој има приказна зад себе и зошто му се случило тоа што му се случило. А кога ќе ги погледнеш и дослушаш, тие се „исцртани“ повеќе како симпатични ликови отколку како сериозно лудачки. Најдобар пријател на Крег му станува Боби кој пак, исто така треба да си замине од „лудницата“ за пет дена, но во меѓувреме се бори да најде живеалиште надвор и да почне да ја гледа својата ќеркичка. Со тек на времето, гледајќи ги проблемите на останатите, Крег почнува да се бори и со своите демони. Што е уште поважно, тука не гледаме експресно излекување, туку пред сè, реалистичен приказ на момче кое почнува да станува свесно за себе и за своите мани и е подготвено да работи на нив.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Младите актери Кеир и Ема одлично ги портретираат ликовите на тинејџери загубени во секојдневието. Но, сепак, највпечатлив е Зак („Мамурлак“, Due Date). Не очекувајте дека овој филм е комедија и дека ќе ве заболат стомачните од смеење. Зак не игра комично ниту пак се труди да не засмее, но сепак ненамерно го прави тоа (ако не смеење, барем малце ќе ви се поткренат краевите на усните). Иако тешко излегува од сенката на претходните феноменални комични улоги, сепак во овој филм тоа му оди во прилог.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Кинематографија: Речиси целиот „Тоа е еден вид смешна приказна“ се одвива во „лудницата“ освен повремените флешови со кои Крег ни ја објаснува својата приказна и своите стресови. Во филмот се вметнуваат и повремени анимации кои воопшто не доминираат ниту пак ја преоптоваруваат приказната туку напротив само го надополнуваат она што камерата не може. Ниту е претерано, ниту е преусилено. Напротив речиси и како да не ги забележуваш, а сепак си ја имаат својата функција.Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Тоа е еден вид смешна приказна (It's Kind of a Funny Story)Кога и како да го гледате: За тинејџерите, „Тоа е еден вид смешна приказна“ треба да има катарзично односно терапевтско дејство, а посебно тоа што приказната ја раскажува нивни врсник. Сепак, тоа не значи дека останатите возрасни групи нема да уживаат. Може да го гледаат луѓе на секоја возраст. Ми се чини дека е подобар во друштво, така што откако ќе заврши ќе можете да поразговарате, за сопствените стресови и бубачки во главата.
За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар