ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)

„Пред сексот, пред градот, бев само јас Кери, Кери Бредшо.“

ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)Главни улоги: Ана-Софија Роб, Остин Батлер, Елен Вонг

Жанр: тинејџерска драма, комедија, романса

Сценарио: Кендиш Башнел (роман)

Премиера: 14 јануари 2013

Број на сезони: 1

Времетраење: 42 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 7

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (71 гласа, просек: 9.14 од 10)

Loading...Loading...

После многу најави и очекувања, со овие зборови стартуваше вториот серијал на мегапопуларната серија „Сексот и градот“ насловен „The Carrie Diaries“ (Дневниците на Кери), која не е продолжение на серијата, туку дејството е вратено назад во далечната 1984 година, кога Кери Бредшо е тинејџерка, не живее во гламурозниот Њујорк, туку во Кеслбери, Конектикат и сонува еден ден да стане позната писателка, која ќе гази по улиците на Менхетен.

Сигурно мислите дека мисијата да се преслика успехот на легендарните филмови или серии како „Сексот и градот“ е секогаш неуспешна, па и во овој случај тоа е вистина. Ретро претходникот на „Сексот и градот“ го нема тој гламур, хумор поврзан со секс и возбуда, кој го имаше во старата серија. Но, оваа серија не ни има за цел да биде бледа копија на „Сексот и градот“.ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)Сега е ’84 година, Кери не е самостојна, успешна и секси девојка, но уште тогаш се труди да ја најде смислата на животот. Таа е млада неискусна тинејџерка, која живее со нејзиниот татко и помала сестра која е во своите проблематични години, а нејзината мајка неодамна ја изгубила битката со ракот. ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)Бидејќи отсекогаш го сакала Њујорк, татко ѝ и средува да стажира во една правна фирма, поради што има прилика подобро да се запознае со гламурозниот ноќен живот на овој град. После училишните часови се дружи со нејзините две најдобри другарки Џил и Меги и другарот Брендан. Вниманието ѝ го привлекува новиот секси ученик во нејзиното училиште Себастијан, кој е лесно забележлив помеѓу жените со својата појава.ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)Доколку не очекувате нешто слично на хит серијата, но сепак сакате да го почувствувате добро познатиот шарм на Кери Бредшо на млади години, тогаш дефинитивно треба да ја гледате оваа серија. 19-годишната глумица Ана Софија Роб, која е избрана да биде Кери Бредшо, е слатка, шармантна, паметна девојка, со виткана руса коса и сивкасто сини очи, која брзо ќе ви ги освои симпатиите. ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)Таа не личи физички на Сара Џесика Паркер, а и карактерот ѝ е многу помек. Освен што серијата е генерално различна од „Сексот и градот“ на прв поглед, сепак таа е многу интересна, дејството е брзо и неочекувано, а љубовта, сексот и гламурозниот живот на њујорчаните, тек допрва Кери треба да ги искусува. Наместо колумна за секс, во текот на епизодите повторно ќе ве следи наративниот глас на Кери од нејзиниот личен дневник, кој е исто толку интелигентен, забавен, прониклив, но се разбира поневин од оној на возрасната Бредшо.ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)Со серијава ќе се присетите на старите симпатични домашни телефони со долга виткана жица, на вокменот на кој се слушаше квалитетна музика и за момент ќе заборавите на мобилните телефони и виртуелните пријатели на Фејсбук. Може само да се замери дека како гледачи, на моменти може да заборавите дека станува збор за крајот на минатиот век, а не за модерново време, особено во првите неколку епизоди, но сепак серијата само што почна да се снима, а секоја наредна е поинтересна и поквалитетна од претходната. ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)

Во животот сакаме да си поставуваме цели, бидејќи тие ни даваат чувство на контрола. Но, контролата е илузија, бидејќи додека Земјата се движи, ние треба да научиме да живееме на местото на коешто ќе се стркаламе, без разлика дали тоа ќе биде на цврсто тло или не.“

ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)

Најстрашната работа додека си во средно училиште е тоа што кога некој ќе ти го скрши срцето, тоа е толку мало место, што никако не можеш да ја избегнеш средбата. Иронично е. Периодот од животот во кој си најмалку способен да се справиш со своите чувства, е истиот период во кој си заклучен 8 часа дневно, со луѓето кои се одговорни за таквите чувства.“

ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)

Св. Валентин е празник на љубовта, Божиќ е наменет за подарување… го сфаќам славењето на тие работи. Но, Денот на вештерките? Тоа е празник кога на себе ставаме костуми и испробуваме различни верзии од себеси: принцеза, демон, птица во лет… Забавно е да не се чувствуваме свои и да не мораме да се соочуваме со реалноста кои навистина сме, ниту со работите коишто нѐ плашат. Како што е нашата ранливост… или прашањето што навистина сакаме за себе… или стравот од промена и она што неизбежно истата ќе го донесе.

ТВ серија: Дневниците на Кери (The Carrie Diaries)


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Ивана Reply

    Мислев дека ќе биде нешто поинтересно. Почнав да ја гледам од самиот почеток, и потоа секој понеделник кога излегува нова епизода и веќе ми е досадна…немам желба да ја гледам, многу е, просто кажано, досадна.

  2. teodora Reply

    Ivana na koja programa ja ima

    • mila Reply

      hahaha…kako mozes ova prasanje da go postavis? Dali mislis deka ovaa nova serija na koja sto 9tata epizoda uste ne e prikazana vo amerika, ke ja ima na mtv1? hahaha
      Inaku mnogu e tinejdzerska serijava ama ima nekoi ok momenti.

Остави коментар