Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)

Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)

Филм за случајностите кои може да имаат фатални последици, сè додека не ги погледнете од комичната страна и за тоа дека изгледот понекогаш навистина лаже

Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Режија: Илај Крег

Улоги: Тајлер Лабин, Алан Тудик, Катрина Боуден

Времетраење: 89 минути

Јазик: англиски

Премиера: 9 декември 2010 година

Жанр: комедија, хорор

Наша оценка: 7/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (18 гласа, просек: 8,28 од 10)
Loading...

————————————————————————————————————————————————-
Некои денови не ви се гледаат динамични акции, заплеткани трилери или „лигави“ романтични комедии. Некогаш едноставно сакате да се опуштите, да не размислувате премногу и да не се инволвирате длабоко емоционално во приказната на филмот. Сакате да ве изненади, насмее, разведри некој филмски жанр каков што одамна не сте погледнале. „Такер и Дејл наспроти злото“ е баш филмот кој треба да си го пуштите вечерва доколку одлучите да останете дома.

Интересен спој од хорор и комедија, кој не е некоја глупава пародија на која не би знаеле дали се смеете по навика или затоа што е навистина смешно. Филмот е онолку предвидлив колку за да не ви го замара мозокот, онолку грозен колку за да не се згадите, страшен колку да ве држи во мала неизвесност и смешен таман за да ви ја направи вечерта. Згора на сè, е и толку долг колку што е потребно за еден филм кој му припаѓа на овие два жанра.
————————————————————————————————————————————————–

Приказна: Такер и Дејл се двајца морничави жители на рурална средина, кои држат продавница покрај автопат. Тука наидува група размазени студенти, кои пак се тргнати на одмор во планина. Меѓу нив се и две привлечни русокоси со кои Дејл се обидува да направи муабет, но тие преплашени само брзо се качуваат во џипот и продолжуваат да патуваат. На Такер и на Дејл не им е јасно што е причината за ваквата реакција, но едноставно се помируваат дека Дејл не го бива баш со девојките.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Такер и Дејл цел живот сонувале да имаат своја викендичка на планина и конечно ова им се остварува. Одлучуваат да заминат таму за викендот за да пијат пиво, да ловат риби и да се релаксираат. По некоја случајност, младите момци и девојки се на истото место, каде како резултат на сплет на околности, една од русокосите девојки завршува во нивната викендичка.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Нејзините другари се обидуваат да ја спасат од сомнителните „селани“, но при секој обид всушност самите се убиваат. Од перспективата на Такер и Дејл пак, изгледа како да се работи за група студенти со самоубиствени претензии кои дошле овде групно да завршат со своите животи. На никој не му е јасно што вистински се случува, а луѓето еден по еден си умираат.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Приказната во филмот тече спонтано, средно динамично и сосема по малку предвидливо. Хуморот е спореден, но различен. Хорор-елементите се присутни, но недоминантни. Заради ова, дејството е фино спакувано во 90-минутна приказна која ќе ви го покачува адреналинот, ќе ве засмејува и ќе ве остави со импресии.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)Кога и како да го гледате: Ова е филм за во друштво. Не седнувајте да го гледате сами, освен ако не сте принудени. Секако дека не е ни за преку ден, заради тоа што во основата е хорор-приказна. Страшните и грозни елементи не ги има премногу, ниту се неподносливи, така што не мора да се плашите дека ќе скокнете со садот со пуканки при некое ненадејно или непријатно дејство.Такер и Дејл наспроти злото (Tucker and Dale vs Evil)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар