Тајниот круг (The Secret Circle)

Тајниот круг (The Secret Circle)

ТВ серија за натприродната моќ, која доаѓа без разлика дали ја сакате или не, за обидот таа да се контролира, за спротивставувањето на црната магија и откривањето на долгогодишните мистерии во Ченс Харбор

Тајниот круг (The Secret Circle)Автор: Ел Џеј Смит („Вампирски дневници“)

Главни улоги: Британи Робертсон, Томас Декер, Гејл Харолд, Фиби Тонкин, Шели Хениг

Жанр: драма, хорор, мистерија, романса

Премиера: 15 септември 2011

Јазик: англиски

Времетраење: 45 минути

Број на сезони: 1

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (43 гласа, просек: 8,98 од 10)
Loading...

——————————————————————————————————————————————————————–
Што ако цел живот сте криеле некој потенцијал за кој не сте биле свесни? Потоа, во еден момент, една случка ви го менува цел живот, и тогаш, колку и да е голема трагедијата, всушност дознавате кои навистина сте. Можеби дознавате повеќе одошто сакате или сте добиле повеќе одошто сте барале, но иако ја имате моќта да се занимавате со натприродното, сепак ви недостасува една вештина – да се откажете од таквата моќ по сопствена желба.
———————————————————————————————————————————————————————

Приказна: Кеси Блејк е 16-годишна тинејџерка, која живее со својата мајка во Калифорнија. За жал, нејзината мајка е жртва на трагична несреќа во пожар, од кој не успева да се извлече. Ова ја води Кеси во Ченс Харбор, измислено гратче во Вашингтон, каде се вселува во куќата на нејзината баба. Ова е мало место во кое се чини, сите знаат повеќе за Кеси одошто таа знае за себе.Тајниот круг (The Secret Circle)Тајниот круг (The Secret Circle)Овде Кеси се среќава со неколку нејзини врсници кои како да го очекувале нејзиното пристигање за конечно да ù покажат што таа може да прави, да ù објаснат која е и што е – моќна вештерка, а потоа и да ја убедат да стане дел од „кругот“. Таа е изненадена и не верува во ништо, но набргу Адам, со кој воедно е „напишано во ѕвездите“ да бидат заедно, ù ја покажува моќта која ја има во себе.Тајниот круг (The Secret Circle)Тајниот круг (The Secret Circle)Соединувањето во кругот станува неизбежно, но тоа не ги решава сите проблеми. Она што сега го искусува оваа група од 6 тинејџери, влече свои корени од нивните родители и од родителите на нивните родители. Многу од нив починале од чудна смрт, а оние кои останале живи, прават доволно сплетки за да се запрашате кого всушност се обидуваат да заштитат.Тајниот круг (The Secret Circle)Кога и како да ја гледате: Иако некои епизоди имаат повеќе хорор елементи од други, мистеријата е она што провејува во текот на целото дејство на серијата. Поради ова, добро е, но не и задолжително, да ја гледате навечер. Бидејќи во делови од светот се прикажува во четврток, веќе во петок станува достапна за гледање и кај нас, па ако не излегувате на почетокот од викендот, фино ќе ви „легне“ тогаш.

Не ви е потребно друштво. Ова е серија за да се замотате во ќебенце пред компјутерот или телевизорот и да изгледате дури 2-3 епизоди едно по друго на само.

Ако сепак сакате да лумпувате во петок навечер, слободно пуштете ја наредниот ден наутро, додека се „трезните“ со утринското кафе.Тајниот круг (The Secret Circle)Слични серии:Вампирски дневници“, „Младиот врколак“, „Натприродни“, „Убави мали лажливкиТајниот круг (The Secret Circle)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Тони Reply

    Штета шо не ја емитуваат кај нас па морам секоја епизода посебно да ја симнувам. Инаку вреди оваа серија за губење време 😀

  2. Tijance Reply

    Premnogu dobra serija, shteta shto ja prekinaa ..

Остави коментар