Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)

ТВ серија за двојниот живот на една легална проститутка

Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)Главни улоги: Били Пајпер, Идо Голдберг, Шери Лунги и Ешли Медек

Жанр: драма

Креатор: Луси Пребл

Премиера: 27 септември 2007

Број на сезони: 4

Статус: завршена

Времетраење: 22 минути

Наша оценка: 9

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (46 гласа, просек: 9.11 од 10)

Loading...Loading...


————————————————————————————————————————————————–
„Тајниот дневник на една колгерла“ е британска ТВ серија, која е различна од сето она што досега сте го виделе. Приказната е базирана на реални дневници на една легална проститутка чиј идентитет бил непознат. Но, на 15 ноември 2009 година, авторката на дневниците „Интимните авантури на лондонската колгерла“, потпишана како Бел ду Жур, чии спомени се искористени како основа за сценариото на оваа ТВ серија, открила дека нејзиното вистинско име е Брук Магнанти, истражувачки научник и бивша проститутка од Бристол. Во серијата очекувано има многу секс: нежен, груб, чуден, перверзен, емотивен, а ќе видите и многу голи мажи и жени, тројки, четворки и ред други ситуации кои никогаш не би ви паднале на ум.
————————————————————————————————————————————————–
Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)Приказна: Пред нејзиното семејство и пред пријателите, таа е Хана, обична девојка со завршени политички студии, која наводно работи како легална секретарка во трета смена, а во текот на денот ужива живеејќи го нејзиниот „нормален“ живот. Но, пред нејзините клиенти, таа е Бел ду Жур (фран. Убавицата на денот), легална проститутка која ќе им ги исполни сите нивни фантазии за големо купче пари.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).

Бел (им се обраќа на гледачите): Првата работа која што треба да ја знаете за мене е дека сум ку*ва. Јас сум од многу висока класа, што значи дека наплаќам по час. А наплаќам многу.

Нејзин најголем предизвик во животот ù е да ги одвои двата паралелни животи кои ги живее. Таа работи како колгерла бидејќи многу ги сака сексот, парите и сака да си биде сама своја газдарица. Најголемиот дел од нејзиното слободно време, Хана го поминува со нејзиниот најдобар другар Бен, со кој порано била во врска.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).

Бел (им се обраќа на гледачите): Придружничка, ку*ва, проститутка… Не ми е битно како ќе ме нарекувате. Тоа е само семантика.

Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)И покрај тоа што сексот е застапен во секоја епизода, централниот фокус на серијата е поставен во психологијата на личноста на Хана, нејзината борба сама со себе, да успее да води паралелен живот, притоа не откажувајќи се од работата која ја исполнува, ниту од нормалниот живот на една девојка.
.

Бел (им се обраќа на гледачите): Се трудам да бидам како сите други. Јас едноставно не сум од оној тип девојки кои работат нормална работа.

Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).

Бел (им се обраќа на гледачите): Правило број 4: хигиена, мојата и неговата. Секогаш користам машки деодоранс, никогаш не ставам парфем. Еден професионалец никогаш не би дозволил неговиот клиент да си замине мирисајќи на жена.

.

Можеби голем дел од гледачите не можат да се пронајдат во ликот на Бел, проститутката на која никогаш не и е доста од секс, но дефинитивно можат да се поистоветат со другиот дел од нејзината личност – Хана, интелигентна и емотивна, со длабок, комплексен карактер, која како и секоја друга млада девојка има потреба од дружење и љубов.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl).

Бел (им се обраќа на гледачите): Лоцирајте ги лифтовите, тивко поминете покрај рецепцијата. Изгледајте како да знаете што правите таму. Одете брзо. Не привлекувајте премногу внимание. Изгледајте волшебно, но бидете лесни за заборавање. Исто така, треба да знаете дека ова, не сум вистинската јас.

Кога и како да ја гледате: поради специфичното сценарио на „Тајниот дневник на една колгерла “, серијата ќе има најголем ефект врз вас доколку ја гледате навечер и тоа неколку епизоди одеднаш, што и не претставува некој проблем бидејќи една епизода трае 22 минути, а серијата е многу „заразна“.Тајниот дневник на една колгерла (Secret Diary of a Call Girl)Интересен податок: Британската глумица Били Пајпер, која го портретира ликот на Бел ду Жур во серијата, вели дека ужива во улогата на најпознатата колгерла, но и пречи што луѓето честопати мислат дека таа е проститутка и во реалниот живот. „На улица добивам разни чудни погледи од постарите. Некои од нив мислат дека сум вистинска проститутка. Јас им велам: не, јас сум актерка која игра проститутка“ – вели Пајпер. Пајпер, која е мажена со актерот Лоренс Фокс и со кого има син, вели дека не е сигурна оти играњето на улогата во контроверзната серија и се исплатело. Нема потреба да коментираме дека актерката одлично си ја завршила нејзината работа во серијата, нели?!

Слични серии: „Буквата Л“, „Која Саманта?“, „Да се биде Ерика“

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. iiingyn Reply

    interesno,kade mozam da gi najdam site sezoni ?

  2. Dejan Reply

    Na sajtovive za torenti eztv.it/ ili na zamunda.net ja ima.

  3. Brankica Reply

    Ja ovozavam tipkava! Billie!

Остави коментар