Супер 8 (Super 8)

Филм за тоа дека некогаш животните настани може да те направат чудовиште иако длабоко во себе не си

Супер 8 (Super 8)Режија: Џеј Џеј Абрамс

Сценарио: Џеј Џеј Абрамс

Улоги: Ел Фенинг, Џоел Кортни, Рајли Грифитс

Времетраење: 112 минути

Јазик: англиски

Премиера: 10 јуни 2011

Жанр: мистерија, научна фантастика, трилер

Веб-сајт

Наша оценка: 6/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (24 гласа, просек: 7.46 од 10)

Loading...Loading...

———————————————————————————————————————————————————————-
Ако ги прочитавте горе наведените референци за овој филм, тогаш налетавте на името на Џеј Џеј Абрамс кој (мало појаснување под арогантна претпоставка дека ви е непознат) стои зад серијата „Изгубени“, зад филмот „Ѕвездени патеки“ и зад мал милион мегахитови како сценарист, режисер или продуцент. Од друга страна, пак, продуцент на филмот „Супер 8“ е Стивен Спилберг за кој најверојатно и нема потреба од големо претставување. Сето тоа земено на едно купче е доволен предизвик за секој филмофил, а од друга страна и љубител на научната фантастика, да го пушти овој филм, но дефинитивно нема да налета на тоа што го очекува, нов мегахит.

Откако ќе се избришат сите големи експлозии и специјални ефекти, голата суштина на „Супер 8“ е целосно површно и некреативно парче. Комплетниот заклучок е дека не секогаш големите имиња по правило носат и грандиозен производ. Некогаш се „штанца” и нов летен хит кој барем ако треба да ни ги земе парите, нека го направи тоа додека ние викаме „фала“.
———————————————————————————————————————————————————————

Приказна: Главни протагонисти во овој филм се деца кои прават зомби филм во своето мирно гратче. Иако нивниот мал фантазерски свет е пореметен со претходната необјаснива смрт на мајката на малиот Џејк (Џоел Кортни), тие продолжуваат со својата невина фокусираност на кадри, добро сценарио, најверодостојна хорор шминка. Во екипата се вклучува и Алис (Ел Фенинг), девојчето во кое сите се вљубени, а таа гради специјално пријателство само со Џејк. Но, една вечер, додека малиот филмски тим е на својот имровизиран сет на железничката станица, тој сведочи спектакуларна несреќа помеѓу воз и автомобил. Од тој ден ден во гратчето почнуваат да се случуваат необјасниви настани кои водат кон невообичаена, научно-фантастична разврска.Супер 8 (Super 8)Иако најверојатно првичната идеја било да се направи микс помеѓу „Е.Т.“ и некоја верзија на „Војна на световите“, крајниот резултат е бледа приказна. Ниту се навлегува претерано во приказната со „суштеството од другиот свет“ ниту пак во личната приказна на Џек чија мајка е мртва, татко му – дистанциран од него, а тој – поврзан со малечката Алис на еден специфичен начин.  Гледачите ги добиваат суштинските информации, но останува жед за повеќе информации кои ги нема.Супер 8 (Super 8)Глума: Oд актерски аспект, „Супер 8“ е одлично склопен иако сизифовиот товар го носат пред сè децата. Младата Ел Фанинг досега се појавила во „Чудниот случај на Бенџамин Батон“ додека другите повеќе или помалку се нови во работата. Дури и возрасните глумци се релативно нови за публиката, но сепак нема црни дамки. Супер 8 (Super 8)Кинематографија: Дејствието се одвива во малечко гратче во Америка на крајот на 70-тите. Период кога децата возат велосипеди, животот е мирен и сите се знаат по име. Но таа идила е нарушена од големите експлозии, од огромниот вселенски брод и од воени сили во паника. Сепак, кога се работи за специјални ефекти и нашминкани сцени, не треба да се има сомнеж во Холивуд. Па така, ниту во овој филм.Супер 8 (Super 8)Кога и како да го гледате? Гледајте го навечер затоа што е вистинско сквернавење со жанрот научна фантастика доколку одберете друг период од денот. Сепак, не очекувајте дека ќе бидете хипнотизирани од неверојатна приказна, уплашени до коска, едноставно воодушевени.Супер 8 (Super 8)————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Heleny Reply

    Filmot e “povozrasna” verzija na E.T …Razocaruvanje!!!

Остави коментар