Среќни завршетоци (Happy Endings)

ТВ серија за нераскинливото пријателство на „бандата“, кое може да продолжи и по една непријатно раскината венчавка помеѓу двајца од нејзините членови

Среќни завршетоци (Happy Endings)Главни улоги: Закари Најтон, Елајза Куп, Елиша Катберт, Кејси Вилсон, Адам Пали, Дејмон Вајанс Џуниор

Жанр: комедија, ситком

Премиера: 13 април 2011

Јазик: англиски

Времетраење: 22 минути

Број на сезони: 2

Наша оценка: 7

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (18 гласа, просек: 9.56 од 10)

Loading...Loading...

———————————————————————————————————————————————
Дали друштво кое е оформено околу еден љубовен пар може да опстане откако тој пар ќе се раскине? Што ако раскинувањето се случи на денот на венчавката? Може ли по ваков непријатен настан да се остане во добри пријателски односи? Ако да, како, ако не, кој ќе го добие остатокот од друштвото, напуштениот или оној кој го иницирал немилиот чин? Околу овие прашања се врти приказната во ТВ серијата „Среќни завршетоци“.
———————————————————————————————————————————————

Приказна: Во оваа хумористична ТВ серија се зборува за пријателството, за секојдневното дружење, за врските помеѓу еден брачен пар, помеѓу еден поранешен пар, раскинат на денот на венчавката и помеѓу еден сега пријателски пар, кој некогаш бил и повеќе, но ситуацијата се сменила откако се открила хомосексуалната ориентација на едниот од нив. Но, врските се испреплетуваат уште повеќе, тука има сестри, најдобри пријатели и најдобри пријателки. Сите се дружат со сите.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Ситуацијата станува незгодна уште во пилот-епизодата кога Алекс го напушта Дејв на олтарот, по што тој паѓа во депресија, а нивните заеднички пријатели се мачат да го балансираат своето присуство во животот на двајцата. Набргу станува јасно дека вака работите нема да може да функционираат, па Алекс и Дејв ќе мораат да најдат начин да ги надминат недоразбирањата и чувствата за да останат дел од друштвото, но сега како пријатели.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Џејн и Бред се во совршен брак, кој се базира на разбирање и доверба. Џејн е компетитивна и сака да ја има контролата над сè, додека Бред има најдено совршен начин да се согласува со неговата сопруга, така што секогаш ќе се труди да ја уверува дека тој го прави тоа што таа го сака.Среќни завршетоци (Happy Endings)Макс е геј кој е отворен за својата сексуалност, а неговата одамнешна девојка Пени му е сега најдобра другака. Таа пак е одлична во својата работа, но стравува дека нема да успее да го најде совршеното момче за себе.Среќни завршетоци (Happy Endings)Можеби навидум изгледа како некој обид за репликација на ТВ серијата „Пријатели“ и иако не може да се оспори сличноста во поставеноста на меѓусебните врски, сепак „Среќни завршетоци“ е сосема поинаку обликувана. Дејството е подинамично, хуморот е вгнезден во него, а карактерите се изградени на свој начин.Среќни завршетоци (Happy Endings)Среќни завршетоци (Happy Endings)Кога и како да ја гледате: Ова не е серија која ќе ве навлече да ја гледате, но ќе ве релаксира и ќе ве оттргне од секојдневието. Затоа, најдобро е да ја гледате по завршувањето на работниот ден, токму кога ќе сакате да се опуштите и да заборавите на актуелните грижи.Среќни завршетоци (Happy Endings)Бидејќи е серија за пријателството и блиските љубовни врски, најдобро е да ја гледате во пар со некого, вашиот партнер, сестра, пријател, кој пак може да е црн или бел, геј или стрејт.

Слични серии:Пријатели за секс“ (Friends with Benefits), „Заедница“ (Community), „Совршени парови“ (Perfect Couples), „Градот на пумите“ (Cougar Town), „Како ја запознав мајка ви“, „Пријатели“ (Friends)

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар