Спартак: Крв и Песок (Spartacus: Blood and Sand)

ТВ серија за љубовта, секс интригите, надежта, правдата и слободата

Спартак: Крв и Песок (Spartacus: Blood and Sand)Главни ликови: Енди Витфилд, Џон Хана, Ману Бенет, Луси Лоулес, Питер Менса…

Режисери: Мајкл Хрст, Рик Јакобсон, Џеси Ворн…

Креатор: Стивен Денајт

Жанр: акција, драма

Времетраење: 50 мин.

Премиера: 22 јануари 2010

Број на сезони: 1

Следна епизода: 11.02.2011

Официјален веб-сајт

Наша оценка: 9/10

___________________________________________________________________________________________
„Спартак: Крв и Песок“ е серија од која ќе ви застане здивот. Одлично замисленото сценарио поткрепено со вистински историски факти и неверојатно добри ефекти, овозможува комплетно да се вљубите во ликовите и со нетрпение да ја очекувате секоја наредна сцена. Можеби, поради многуте борби и крвопролевањето ќе помислите дека оваа серија е типично машка, но сепак главните пресврти во серијата ги прават токму женските ликови.

————————————————————————————————————————————————-

Приказна: Приказната се одвива во Тракија, каде што Тракијците им се придружуваат на Римските војници со цел да ги протераат Готите од територијата. Спартак, еден од најдобрите тракиски војници, поради спротивставување на одлуките на римскиот командир Легат Клаудиј Глабер е осуден на смрт во гладијаторска арена, а неговата жена е задржана како робинка. Сепак, тој спектакуларно успева да преживее во арената и станува невиден херој во очите на народот.
.

„Некои легенди се напишани со крв.“

Поради огромниот интерес за него тој е продаден на Лентулус Батиатис, сопственик на лудус (тренинг центар за гладијатори). Тој му ветува можност да ја врати својата жена и да ја откупи нивната слобода, под услов неговите успеси во арената да го прослават и да го искачат погоре на општествената скала во градот Капуа. Тука работите веќе стануваат интересни, почнуваат сплетките, се испреплетуваат приказните на ликовите, алчноста и лакомоста доаѓаат до израз, а мудроста и снаодливоста стануваат единствен начин да се одржи пламенот на животот.
.

„Носителот на дождот! Убиецот на Теоклес, шампионот на Капуа, ви го претставувам Спартак!“

Спартак: Крв и Песок (Spartacus: Blood and Sand)Спартак: Крв и Песок (Spartacus: Blood and Sand)

Интересни податоци: Серијата, после првите две епизоди доживеа неверојатно голем успех и веднаш беше одлучено да се снима и втора сезона, која требаше да почне да се прикажува на ТВ екраните во септември, 2010-та година. Сепак, по завршувањето на првата сезона, снимањето беше прекинато поради неочекуваната дијагноза на не-Ходжкинов лимфом во рана фаза на развој, на главниот актер Енди Витфилд.

Сепак, од филмската продукција Старз, која стои зад серијата, во мај 2010 година најавија дека во меѓувреме ќе излезат 6 дополнителни епизоди, во кои ќе бидат прикажани животите на останатите гладијатори пред да дојдат во лудусот. Серијалот е наречен „Боговите на арената“ и започна да се прикажува на малите екрани низ светот на 21 јануари годинава. И покрај борбата со тешката болест, Енди Витфилд нема да го игра ликот на Спартак во втората сезона. Неговото место ќе го замени австралискиот глумец Лиам Макинтајр.

Спартак: Крв и Песок (Spartacus: Blood and Sand)Спартак: Крв и Песок (Spartacus: Blood and Sand)Кога и како да ја гледате: Серијата е толку ефектна и интересна што без разлика со какво друштво ќе ја гледате, сите ќе замолчат и внимателно ќе гледаат. Препорачливо е да не ја гледате доколку утредента имате некоја важна задача, бидејќи со сигурност нема да можете да и одолеете и ќе сакате да ги изгледате сите епизоди одеднаш, дури и по цена, цела ноќ да не заспиете.

Слична серија: „Рим“

Слични филмови: „Гладијатор“, „300“, „Храбро срце“
Спартак: Крв и Песок (Spartacus: Blood and Sand)

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. ddddd Reply

    e*enje braat!!!

  2. gisho Reply

    najbolji serija posle prison break !!!!!

  3. Demonic Reply

    После втората епизода…едноставно не можев да се запрам да ја гледам. Не требаше многу за да ми стане омилена серија. Иако изобилува со премногу тестостерон за мене, премногу крв, премногу борби, премногу вулгарен јазик, премногу секс…at the end of the day…она што го направи Спартакус за својата Сура…ниедно девојче не би останало рамнодушна…колку и да не е романтична.

    „Препорачливо е да не ја гледате доколку утредента имате некоја важна задача, бидејќи со сигурност нема да можете да и одолеете и ќе сакате да ги изгледате сите епизоди одеднаш, дури и по цена, цела ноќ да не заспиете.“

    Ја „свиткав“ цела сезона за две вечери, дур ми траеше колоквиумска недела (учам стрикно навечер). Ги колнев другарите што ме навлекоа во такво лошо време.

    Штета за Енди, искрено. Серијата не е повеќе иста без него…

Остави коментар