Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

Одлична преработка на класичната приказна за Снежана и седумте џуџиња

Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Режија: Руперт Сандерс

Улоги: Кристен Стјуарт, Крис Хемсворт, Шарлиз Терон

Времетраење: 127 минути

Јазик: англиски

Премиера: 1 јуни 2012

Жанр: акција, авантура, драма

Наша оценка: 8/10

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (56 гласа, просек: 9,55 од 10)
Loading...

Во пресвртот на бајката, каде што ловецот имаше наредба да ја однесе Снежана во шумата, да ја убие и да го врати нејзиното срце на кралицата, овој пат тој е пратен во шумата за да ја пронајде, каде што по сплет на околности ќе стане нејзин заштитник и ментор во мисијата да се победи кралицата. И покрај тоа што се работи за Снежана, има неколку големи промени во приказната кои ја прават непредвидлива и „освежувачка“ за гледање. Најинтересниот дел е што во моментите кога ќе помислите дека знаете точно што ќе се случи – ќе бидете (не)пријатно изненадени… Токму тоа е тоа што ја прави оваа преработка одлична и незаборавна.

Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

Сè започнува со желбата на кралицата да има девојче кое e бело како снег, со усни црвени како крв и коса црна како крилја на гавран. Набрзо нејзината желба се остварува и добива девојче кое го нарекува Снежана. Таа како што растела била сè повеќе сакана од народот, како заради нејзиниот дух, така и заради надворешната убавина. Снежана отсекогаш имала посебна поврзаност со животните и поради тоа мајка и ѝ велела дека има неверојатна внатрешна убавина која ќе ѝ помогне во иднина кога ќе биде кралица.Кога Снежана ќе биде сè уште млада, мајка ѝ ќе почине. Тоа многу ќе го погоди неутешливиот крал. Токму во тие најтешки периоди ќе се појави мистериозна војска која ќе сака да ја употреби тагата на кралот против него. Во необичната битка кралот и неговите луѓе ќе успеат да победат и откако сè ќе заврши ќе најдат само еден преживеан – девојка која била заробена од темната војска. Но, тоа што следува е многу потемно од што било досега. Кралот, маѓепсан од нејзината убавина, уште наредниот ден ќе ја земе за жена и за првпат по смртта на неговата жена ќе заборави на неговото скршено срце… Но, работите не се воопшто така како што изгледаат – новата кралица на првата брачна ноќ ќе го убие кралот и ќе го заземе неговото место на престолот.

Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

Равена (Шарлиз Терон), лошата кралица била толку „отровна“ што природата околу замокот изумрела, луѓето се свртеле едни против други и сите живееле под константен страв. Додека таа владеела, Снежана (Кристен Стјуарт) била заробена во високата северна кула од замокот. Снежана конечно успева да избега, откако огледалото ќе ѝ каже на кралицата дека тој ден е поубава од сите и дека доколку го земе нејзиното срце ќе може да биде млада засекогаш.

Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

Очајна за да ја пронајде, кралицата го праќа ловецот (Крис Хемсворт) во шумата по неа, но тој наскоро дознава дека бил изигран и се врти против нејзе и нејзините луѓе, притоа спасувајќи ја Снежана. Во меѓувреме најдобриот пријател од детството на Снежана дознава дека таа е жива и тргнува во потрага по неа…

Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

Ликот на Шарлиз Терон дефинитивно ќе се памети долго време. Таа совршено го доловува застрашувачкиот карактер на кралицата која ја прави можеби најзлобната негативка на филмското платно досега, но истовремено ви покажува и една слаба, човечна страна поради која сфаќате таа е само жена со многу проблеми и поради тоа не можете да ја мразите како во останатите интерпретации на класичната бајка. Сите се согласуваат дека најслаб дел е ликот на Кристен Стјуарт, можеби зашто некако немаше доволно време и простор за нејзино развивање. На некои периоди изгледаше како да е нафрлано сè она што Снежана го поминуваше во филмот. Што се однесува до Ловецот, тој исто така добро си ја заврши својата работа и покрај тоа што имаше сосема нова и досега непозната улога во приказната за Снежана.

Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)Снежана и ловецот (Snow White and the Huntsman)

За овој филм мора да бидете послободни и во многу добро расположение. Бидејќи изобилува со многу силни емоции, и покрај тоа што се работи за ваков вид приказна – не ви препорачуваме да го гледате кога сте лошо расположени или нервозни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. Александар Reply

    Искрено… БИДЕТЕ МАЛЦЕ ПОВЕЌЕ ОРИГИНАЛНИ… (зборувам за режисерите)…

  2. Anchy Reply

    Go gledav filmot pred okolu eden mesec stvarno mnogu dobro filmce im go preporacuvam na site

  3. Мики Reply

    Филмов е најбезвезе… Како ли ја ангажираат Кристен, кога една насмевка не знае да ја изглуми!?

Напиши одговор на Мики Откажи одговор